Леестен () — мал град во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Градот се наоѓа во Тириншката Шума, 20 километри југоисточно од окружниот град Залфелд.
Леестен поседува недопрена и затворена градска целина со куќи обложени со шкрилци.
Географија
Леестен се наоѓа во југоисточниот дел на Тириншката Шума, на Тириншките Шкрилни Планини.
Соседни општини
Градот се граничи на запад со Лудвигсштат, на југ со Тојшниц, Рајхенбах и Чирн, на исток со Вурцбах и на север со Пробсцела.
Градски единици
Кон градот Леестен припаѓаат следниве места:
Бренерсгрин Ретерсдорф Шмидебах со населбата Беренштајн
Политика Градски совет
Градскиот совет на градот Леестен се состои од 12 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:
Партија / Листа Места Удел Биргерна (BN) 5 46,0 % Граѓанска иницијатива Леестен (BI) 4 30,1 % Алтернатива за Германија (AfD) 1 11,5 % Социјалдемократска партија на Германија (SPD) 1 6,5 % Слободни гласачи 1 5,9 %
Градоначалник
Градоначалник на градот е Рене Бредов, кој бил избран на 31 јануари 2016 година.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
www.lehesten.de
Категорија:Залфелд-Рудолштат