Суперкупот на Италија за 2002 година било 15-тото издание на Суперкупот на Италија, традиционален фудбалски натпревар во кој се среќаваат победниците од претходната сезона во Серија А и Купот на Италија. Натпреварот се одиграл на 25 август 2002 година, на стадионот 11 јуни во Триполи, Либија.
Во Суперкупот на Италија 2002, се сретнале Јувентус шампионот во Серија за сезоната 2001-2002, и Парма победник во Купот на Италија 2001-2002. Ова бил петти настап за Јувентус (2 победи во 1995 и 1997), и четврти за Парма (победа во 1999). Двата клуба веќе еднаш се соочиле во Суперкупот, во 1995 година, кога Јувентус победил со 1-0.
Јувентус победил со 2-1 со головите на Алесандро Дел Пјеро и стигнал до својата трета титула во Суперкупот на Италија, додека стрелец на единствениот гол за Парма бил Марко Ди Вајо.
Натпреварот Прегед на натпреварот Првиот гол во натпреварот го постигнал капитенот на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро во 38-мата минута по прекрасната асистенција на неговиот партнер во нападот Марсело Салас. Во 64-тата минута од натпреварот Парма израмнила на 1-1, со прекрасен погодок на Марко Ди Вајо со удар од 18-тина метри во спротивниот агол. Во 73-тата минута замената кај Јувентус, Марсело Залајета успеал да се ослободи од одбраната на Парма и да ја сврти топката во петерецот каде Дел Пјеро го постигнал својот втор гол во натпреварот со кој му ја донел победата на Јувентус и третиот Суперкуп во историјата на клубот.
Детали од натпреварот
GK 1 Џанлуиџи БуфонDF 21 Лилијан ТирамDF 13 Марк Јулиано DF 4 Паоло МонтероDF 24 Емилијано Морети MF 16 Мауро Каморанези MF 3 Алесио ТакинардиMF 20 Давиде БајокоMF 11 Павел НедведFW 9 Марсело Салас FW 10 Алесандро Дел ПјероРезерви:GK 12 Антонио КиментиDF 15 Алесандро Бириндели DF 2 Чиро ФерараDF 6 Салваторе ФрезиMF 14 Кристијан Ѕенони MF 27 Матео Бриги FW 25 Марсело Залајета Тренер: Марчело Липи GK 1 Себастијан Фреј DF 2 Аимо Дијана DF 21 Матео ФерариDF 5 Даниеле Бонера DF 3 Џанлука ФалсиниMF 7 Марко МаркиониMF 8 Сабри Ламуши MF 29 Масимо Донати MF 10 Хидетоши НакатаFW 20 Марко Ди ВајоFW 9 Адријано Substitutes:GK 22 Клаудио ТафарелDF 28 Паоло КанавароDF 16 ЖуниорDF 24 Себастијано СивиљаMF 6 Симоне Бароне MF МатузалемFW 11 Емилијано Бонацоли Тренер: Чезаре Прандели Судии на натпреварот Асистент судија: Четврти судија:Правила на натпреварот 90 минути игра. 30 минути продолжение ако е потребно. Изведување на пенали ако се заврши нерешено. Седум повикани резерви Три можни замени.
Екипа победник ЈувентусПобедник на Суперкупот на Италија 19973. титула
Надворешни врски
2002