Плетењето — метод со кој конецот или предивото се претвора во облека или други мајсторски изработки. Сплетениот материјал се состои од последователни редици од врзувања наречени котелци. Како што се нижат редовите , ново врзување се провнува врз постоечкото . Активните котелци се држат на игла сè додека друго врзување не помине низ нив. Со овој процес се добива ткаенина која често се користи за облека.
Плетењето може да се реализира рачно или машински. Постојат неколку вида и методи на рачно плетење. Различни типа на конци и игли можат да се искористат за да се добие изобилие на плетени материјали: Овие алатки му даваат на крајниот резултат различна боја, плетка, тежина и / или целокупност. Други фактори кои влијаат на крајниот резултат се формата на иглата, дебелината и ковливоста, како и типот на влакното од конецот , составот и растегливоста.
Структура Насоки и рабови Плетењето како и ткаењето е техника за производство на дво димензионална ткаенина направена од едно димензионален конец или предиво. Во ткаењето, конците се секогаш во права линија , се работи паралелно или по нивната должина (конец по основа) или дијагонално односно вкрстено ( јаток конец) . Спротивно на тоа, конецот во плетените материјали следи кривулест пат ( шема) , формирајќи симетрични котелци (исто така наречени клопчиња) симетрично над и под средната патека на предивото. Овие кривулести котелци можат да се оптегнат многу лесно во различни правци , поради што плетките се поеластични од ткаенините; во зависнот од предивото и шемата за плетење , плетената облека може да се истегне повеќе од 500 %. Заради оваа причина , плетењето првично беше развиена за облека што мора да биде еластична или растеглива како одговор на оној којшто ја носи, како што се чорапите и трикотажот. За разлика , ткаениот материјал се растегнува најчесто во една насока ( во дијагонала ) и не се многу еластични, освен ако не се проткаани со растеглив материјал како што е спандех. Плетените алишта повеќе се прилагодуваат на формата на телото отколку ткаените алишта, бидејќи нивната еластичност им овозможува да се прилагоди на искривувањето на телото многу лесно; спротивно на тоа , заобленост е воведена во повеќето ткаени алишта со зашиени фалти, звонарки, влошки на облеката и триаглести парчиња вметнати при ткаењето, рабови кои уште повеќе ја намалуваат еластичноста на ткаените материјали. Дополнителни заобликувања можат да се воведат во плетените алишта без рабови, како и во петицата на чорап; ефектот на фалти, раширувања, може да се постигне со кратки реда или со зголемување или намалување на бројот на шевовите. Конецот којшто се користи во ткаењето е обично поистенчен за разлика од конецот при плетење, што му дава на плетените алишта повеќе волумен и помалку декорација за разлика од ткаените алишта.
Ако не се зацврстени , котелците од плетечкиот тек ќе се вратат назад кога нивното предиво ќе се повлече; ова е познато како распарување , расплеткано плетење, или има хумористично значење се споредува со жаба , (затоа што звукот при изговарање на англиски распарување е исто кога жабата грака: 'rib-bit') . Да се обезбеди еден бод од игла , најмалку еден нов котелец поминува низ тоа. Иако новиот бод не е приврзан ( активен или жив), се приврзува за котелецот којшто виси од него. Низа на котелци во која секој котелецец се приврзува за следниот се нарекува раб. Да се обезбеди почетни котелци за плетката , се користи методот casting on; за да се обезбеди последниот котелец на работ , го користат методот преку спојување на краевите. За време на плетењето, активните котелци се обезбедуваат механички , или преку поединечни прикачувања ( во машините за плетење) или преку игли за плетење или шаблони за рачно плетење.
Конец по основата и јаток конец
Главно има два вида на плетење: паралелно и вкрстено. Во почестиот тип паралелно плетење, рабовите се во вертикала со движењето на конецот. Во вториот тип на плетење, рабовите и движењата се речиси потешко во паралелна насока. Во првиот тип плетењето , целата ткаенина може да се произведи од едно предиво , со додавање на котелци во секој ред редоследно , движејќи се по целата ткаенина како во растер скенирање. За разлика , во вторриот тип едно предиво е потребно за секој ред. Бидејќи типична плетка може да има стотици на рабови , вториот тип обично се реализира машински, додека првиот тип плетењето се остварува и рачно и машински. Вторите плетени материјали како трикотажа и миланец се отпорни на траки , и најчесто се користат водолната женсна облека.
Првите плетки може да се реализираат со повеќе предива , за да се добие ефект на колоритност. Двата најчести приоди се интарсија и страндед колорработа. Во интарсија , конците се користат во одвоени региони, пример црвено јаболко во зелено поле ; во тој случај конците се чуваат во посебни макари и само едно се плете во секое време. Во посложените приоди , две или повеќе предива наизменично се повторуваат во еден ред .Двојните плетки може да произведат две одделни плетени ткаенини истовремено , на пример два чорапа ; меѓутоа , двата материјали обично се обединати во едно , давајќи голема топлина и одлична ткаенина.
Право и наопаку сплетени котелци Обезбедувајќи го претходниот котелец во работ, следниот котелец може да помине под или над низ претходниот котелец . Претходниот котелецот се именува како поврзувачки или едноставен ( потполен ) котелец ; ако се зема вториот , се нарекува наопаку фатен котелец . Двата котелци се поврзани во тоа што поврзувачкиот котелец гледан од една страна на плетката се појавува како наопаку фатен котелец од другата страна.
Двата типа на котелци имаат различен визуелен ефект ; поврзувачкиот котелец изгледа како "V" наредени вертикално , додека наопаку фатениот котелец изгледа како брановидна хоризонтална линија низ плетката. Модели и слики може да се создадат во плетените материјали со употреба на еден котелец право , еден котелец наопаку како точки; меѓутоа , таквите точки се најчесто правоаголни, наместо квадратни , во зависнот од растојанието на плетење. Поединечни котелци , или редици од котелци , можат да се бидат повисоки со извлекување на повеќе предиво во ново врзување (издолжен котелец), што е суштинско за нерамномерно плетење: редица на високи котелци може да се менуваат наизменично со еден или повеќе реда од кратки котелци за да има зголемен визуелен ефект. Кратките и високите котелци може да се менуваат наизменично во редот , формирајќи модел на елипсовидна риба.
Во најпростите плетки, сите котелци се или право или наопаку сплетени; ова е е познато како жартер котелец. Шемата на наизменичните редици од прави и наопаку сплетени котелци е позната како жерсе. Вертикални шарки се можни со наизменично менување на рабовите од право сплетени котелци и наопаку; на пример , заеднички избор е 2x2 ребреста плетка , во која два раба од правите котелци се проследени со два раба на наопаку сплетени котелци , итн. Хоризонтални шарки (рецки) е исто така можно , со наизменично менување на редиците од право и наопаку сплетени котелци. Модели на табли се исто така можни , најмалиот познат како извор котелец : котелците се менуваат наизменично помеѓу право и наопаку сплетените во секој раб и помеѓу секој ред.
Материјалите во кои бројот на право и наопаку сплетените котелци не се исти , како во жерсето, имаат склоност да се свиткуваат ; за разлика , таму каде што се подредени и правите и наопаку сплетените котелци симетрично се стремат да лежат како што треба и да изгледаат убаво. Рабовите на наопаку сплетените котелци имаат тенденција да се оддалечуваат , додека кај право сплетените котелци се стремат да се приближуваат. Рабовите со наопаку сплтени котелци во ребрата се стремат да бидат невидливи , бидејќи соседните прави рабови се зближуваат . Спротивно , редиците на нопачки сплeтените котелци се стремат да формираат втиснати линии во споредба на редицата од право сплетените котелци. Ова ја претставува базата на привидно плетење , при кое надворешниот изглед на сплетениот материјал се менува кога се гледа од различни правци.
Обично , нов котелец поминува низ еден единствен незатворен (активен) циклус , со издолжување преку еден котелец.. Меѓутоа , ова не мора да биде така; нов циклус може да помине низ веќе сврзани котелци спуштени на материјалот, или дури помеѓу сврзани котелци(вдлабнат котелец). Во зависност од растојанието помеѓу циклусот што е провлечен низ материјалот и каде е сплетен , вдлабнатите котелци може да произведат тенок цртеж од точки или долги линии низ површината на материјалот , пример , подолните листови на цвеќе. Нов циклус може да се провне помеѓу два котелци во сегашен ред ,групирајќи се со изминатите котелци ; овој метод често се користи за да се произведе труднички ефект на материјалот.Новиот циклус исто може да помине низ два или повеќе претходни котелци, произведувајќи рабови кои се смалуваат и се губат заедно. Споените котелци треба да бидат од ист ред ; на пример ,набор може да се формира со право сплетени котелци заедно од два различни реда , создавајќи зголемена хоризонтална рецка на материјалот.
Не секој котелец во редот треба да биде сплетен ; некои може да се остават како што се и да се сплетат на подоцнежните реда . Ова е познато како плетење со порабување од внатрешната страна. Овие порабувања се прилично подолги од сплетените. На пример, порабувањата од внатрешната страна за еден ред пред плетењето би требало да бидат отприлика дупло подолги одошто се нивните сплетени дупликати. Ова создава интересни визуелни ефекти , иако крајниот резултат е покрут, затоа што порабувањата од внатрешната страна ги повлекува своите соседи и е помалку се преобразува односно менува. Плетењето со порабување од внатрешната страна игра важна улога во мозаичното плетење, важна техника во моделите на рачно плетење ; мозаично сплетените материјали се стремат да бидат покрути од материјалите произведени со традиционалните техники на плетење.
Во некои случаи, котелец може намерно да биде оставен несврзан од нов котелец и неговиот раб да може да се отпара. Ова е познато како плетење со испуштен котелец, создавајќи вертикални испуштени котелци со мрежести дупли во плетката, совпаѓајќи се со рабовите.
Десно и лево вплетени котелци И обата право и наопаку сплетени котелци можат да бидат извртени : обично еднаш ако воопшто постои , понекогаш двапати и многу ретко трипати. Ако го гледаш одозгора, извиткувањето може да биде во насока на часовникот (десно предиво над лево) или спротивно од насоката на часовникот (лево предиво над десно); овие се именуваат како десни и леви вплетени котелци, соодветно. Рачно сплетените обично создаваат десно вплеткани котелци со плетење право и наопаку низ задните врзувања, т.е со положување на иглата низ првичниот котелец не необичен начин , но со замотување на предивото како и обично. Спротивно, лево вплтеканите котелци се обично создадени со рачно плетење преку замотување на предивото во обратен правец, наместо со каква било промена на иглата. Иако во формата има некои разлики , десните и левите вплеткани котелци се функционално еквивалентни . И обата типа на котелци даваат нежен и интересен визуелен изглед , и се стремат за изцртување на материјалот од внатрешната страна , правејќи го поцврст. Вплетканите котелци се чест метод за везење на накит од добра метална жица.
Рабови и спојки меѓу материјалите Првичните и крајните рабови на сплетениот материјал се познати како поврзувачки или врзувачки рабови. Страничните рабови се познати како опшиен раб ; зборот доаѓа од само –рабен , што значи дека котелците не треба да се сврзат за ништо друго. Многу вида на опшиени рабови се изработени, со различни еластични и украсни својства.
Вертикални и хоризонтални рабови можат да се вметнат во плетката , на пример, за дупките на копчињата, со повторно поврзување и re-casting on (хоризонтално)или со плетење на материјалот на обете страни на вертикалниот раб одделно.