Таманшкиот (деванагари: तामाङ; tāmāng) е синотибетски јазик, дел од подгрупата на таманшки јазици. Јазикот се зборува во Индија (Сиким), Непал и Бутан. Таманшкиот е најголем тибетско-бурмански јазик во Непал.
Дијалекти Таманшкиот јазик е поделен на следниве дијалекти: источнотаманшки: 759,257 во Непак (2000 WCD). Вкупно население во сите држави: 773,257; западнотаманшки: 322,598 (2000 WCD); југозападен таманшки:109,051 (попис 1991); северозападен таманшки: 55,000 (попис 1991); источногоркански таманшки: 3,977 (2000 WCD).
Граматика Некои граматички одлики на јазикот се:
зборовен редослед: подмет-предмет-прирок; употреба на постпозиции; генетивот ги следи именките; јазикот е ергативен;
Таманшкиот јазик е тонски јазик.
Писмо Таманшкиот јазик се пишува на писмо кое е слично со тибетското писмо и деванагари. Сепак, во најголем број случаи, јазикот се пишува со деванагари.
Поврзано
Таманци Синотибетски јазици Таманшки јазици
Наводи
Надворешни врски Броење на таманшки Етнолог за таманшкиот Tamangs.com
Категорија:Јазици во Непал Категорија:Таманшки јазици Категорија:Јазици во Индија Категорија:Јазици во Бутан