thumb|250px|Вулканска ерупција е ослободување на складирана енергија од под површината на Земјата, која потекнуваод радиоактивното распаѓање и гравитациското распоредување во јадрото и обвивката на Земјата, и остатокот енергија добиена за време на формирањето на Земјата.Encyclopedia of Volcanoes, Academic Press, London, 2000
Науки за Земјата е сеопфатен термин за науки поврзани со планетата Земја. Тоа е веројатно посебен случај во планетарна наука, знаејќи дека Земјата е единствената планета за која што е познато дека има живот. Постојат два пристапи кон науките за Земјата: редукционистичкиот и холистички. Официјалната дисциплина на науките за Земјата може да вклучи и проучување на атмосферата, хидросферата, океаните и биосферата, како и цврста земја. Обично земјонаучниците (геонаучници) користат сознанија од физика, хемија, биологија, хронологија и математика да изградат квантитативно разбирање за тоа како работи Земјиниот систем, и како еволуирал до неговата сегашна состојба.
Полиња на проучување
Следните полиња на науката обично се категоризирани во рамките на геонауките: Геологијата ги опишува карпестите делови на Земјината кора (или литосфера) и нивниот историски развој. Главните поддисциплини се минералогија и петрологија, геохемија, геоморфологија, палеонтологија, стратиграфија, структурна геологија, инженерска геологија и седиментологија.<ref name="smith 5"></ref> Физичката географија покрива аспекти на геоморфологијата, проучувањето за почвата, хидрологија, метеорологија, климатологија и биогеографија.Fundamentals of Physical Geography, 2nd Edition, by M. Pidwirny, 2006 Геофизиката и геодезијата ја истражуваат формата на Земјата, нејзината реакција на сили и нејзините магнетни и гравитациски полиња. Геофизичарите го истражуваат јадрото и обвивката како и тектонската и сеизмичката активност на литосферата.Wordnet Search: GeodesyNOAA National Ocean Service Education: Geodesy Науката за почвата го опфаќа најоддалечениот слој на Земјината кора која е предмет на процесите за формирање на почвата (или педосфера).Elissa Levine, 2001, The Pedosphere As A Hub broken link? Главните поддисциплини вклучуваат едафологија и педологија. Океанографијата и хидрологија (вклучувајќи и лимнологијата) опишуваат морски и слатководни домени на водени делови на Земјата (или хидросфера). Главните поддисциплини вклучуваат хидрологија и физичка, хемиска и биолошка океанографија. Глациологијата ги проучува деловите каде што има мразна Земјата (или крајосфера). Науките за атмосферата ги проучуваат гасовитите делови на Земјата (или атмосфера) меѓу површината и егзосферата (околу 1000 км). Главните поддисциплини се метеорологија, климатологија, атмосферска хемија и атмосферска физика.
Внатрешноста на Земјата Тектонските плочи, масиви, вулканите, и земјотресите се геолошки феномени tкои можат да се објаснат во рамките на енергетски трансформации во Земјината кора.Earth's Energy Budget
Под Земјината кора лежи обвивката која се загрева со радиоактивно распаѓање на тешки елементи. Обвивката не е сосема солидна и се состои од магма која е во состојба на полупостојано струење. Овој процес на струење предизвикува литосферските плочи да се движат, иако тоа е бавно. Резултатот на процесот е познат како тектонски плочи.
Тектонските плочи може да се сметаат за процес преку кој земјата повторно има површина. Преку процес наречен ширење на морското дно), создадена е нова кора од протокот на магма од под литосферата до површината, преку пукнатини, каде што се лади и се стврднува. Преку процес наречен подвлекување кога океанската кора се турка под земја- под остатокот од литосферата- каде доаѓа во контакт со магма и се топи- повторно соединувајќи се со обвивката од која оригинално потекнува.
Области на кората каде што се создава новата кора се наречени дивергентни граници, оние кои се вратени назад на Земјата се конвергентни граници а оние кај кои плочите се лизгаат еден под друг, но не се создава ниту уништува нов литосферички материјал се наведени како трансформирани (или конзервативни) граници Земјотресите се резултат на движењето на литосферичките плочи, а тие обично се случуваат во близина на конвергентни граници каде што делови од кората се присилени во земјата како дел од подвлекување.
Вулканите се резултат главно од топењето на подвлечен материјал од кората на Земјата. Материјалот од кората што е присилен во астеносферата се топи, и дел од стопениот материјал станува доволно лесен за да се крене на површината и така се раѓаат вулканите.
Електромагнетно поле на Земјата Електромагнет е магнет создаден од струја што тече околу меко железно јадро. Земјата има цврсто железно внатрешно јадро опкружено со полутечни материјали од надворешното јадро кои се движат во постојани струи околу внатрешното јадро; така што Земјата е електромагнет. TОва е познато како динамо теорија на магнетизмот на Земјатa.
Атмосфера
Тропосферата, стратосферата, мезосферата, термосферата, и егзосферата се пет слоеви кои ја сочинуваат Земјината атмосфера. Во сите нив, атмосферата е составена од околу 78.0% азот, 20.9% кислород, и 0.92% аргон. 75% од гасовите во атмосферата се наоѓаат во тропосферата, во најдолниот слој. Останатиот еден процент од атмосферата(сè освеназот, кислород, и аргон) содржи мали количини на други гасови вклучувајќи и CO2 и водна пареа. Водните пареи и CO2 дозволуваат Земјината атмосфера да ја фати и држи сончевата енергија преку феномен наречен ефектот на стаклената градина. Ова овозможува површината на Земјата да биде доволно топла за да има вода во течна состојба и да поддржува живот.
Магнетното поле создадено од внатрешните движења на јадро ја произведува магнетосферата која што ја штити Земјината атмосфера од сончевиот ветар. Како што Земјата е стара4.5 милијарди години , до сега би ја изгубила својата атмосфера ако не постоеше заштитничката магнетосфера.
Во прилог на складирање на топлина, атмосферата исто така ги штити живите организми со оклопување на површината на Земјата од космичките зраци. Имајте предвид дека нивото на заштита е доволно високо за спречување на космичките зраци од уништување на живиот свет на Земјата, но доволно ниско да им помогне на мутациите кои имаат важна улога во протуркување на разновидноста во биосферата.
Методологија Како и сите други научници, земјонаучниците го применуваат научниот метод. Тие создаваат хипотези по набљудување на настани и собирање податоци за природните појави, и тие ги тестираат хипотезите од таквите податоци.
Една современа идеја во науката за Земјата е униформизам. Униформизмот says that вели дека "античките геолошки одлики се толкуваат со разбирање активни процеси кои се лесно забележани". Едноставно кажано, ова значи дека геолошките процеси што се случуваат денес се случиле и во минатото -. Сегашноста е клучот за минатото. На пример, една планина не треба да се смета како да е создадена во еден момент, туку тоа може да се гледа како резултат на континуирано подвлекување предизвикувајќи магма да расте и да се формираат континентални вулкански лакови.
Земјините сфери Науката за Земјата генерално познава четири сфери: литосферата, хидросферата, атмосферата, и биосферата;Earth's Spheres . ©1997-2000. Wheeling Jesuit University/NASA Classroom of the Future. Retrieved November 11, 2007. овие одговараат на карпи, вода, воздух, и живот. Некои практичари вклучуваат, како дел од сферите на Земјата, крајосферата (што одговара на мраз) како посебен дел од хидросферата, како и педосферата (што одговара на почва) како активна и измешана сфера.
Делумна список на главните теми на науката за Земјата Види: Список на основните теми на науката за Земјата
Атмосфера
Атмосферска хемија Климатологија Метеорологија Хидрометеорологија Палеоклиматологија
Биосфера Биогеографија Палеонтологија Палинологија Микропалеонтологија Геомикробиологија Геоархеологија
Хидросфера Хидрологија Геохидрологија Лимнологија (наука за слатките води) Океанографија (наука за морските води) Хемиска океанографија Физичка океанографија Биолошка океанографија (морска биологија) Геолошка океанографија (морска геологија) Палеокенографија
Литосфера или геосфера
Геологија Економска геологија Инженерска геологија Еколошка геологија Историска геологија Кватерна геологија Планетарна геологија Седиментологија Стратиграфија Стуктурна геологија Географија Просторна географија Геохемија Геоморфологија
Геофизика Геохронологија Геодинамика (Поврзано Тектоника) Геомагнетизам Гравиметрија (исто дел од Геодезија) Сеизмологија Глациологија Хидрологија Минералогија Кристалографија Гемологија Петрологија Спелеологија Вулканологија
Педосфера Наука за почвата Едафологија Педологија
Системи Наука за животната средина Географија Човекова географија Физичка географија Хипотеза Гаја
Други Картографија Геоинформатика (ГИС) Геостатистика Геодезија и Испитување Претпријатие за наука за Земјата НАСА
Поврзано
Графички софтвер за науки за Земјата Геонаука за животната средина ГЕО-ЛАВ (GEO Library Experts Online) Глосар на геолошки термини Список на геонаучни организации Список на руски земјонаучници Наногеонаука Структура на Земјата
Наводи
Дополнителна литература Allaby M., 2008. Dictionary of Earth Sciences, Oxford University Press, ISBN 978-0-19-921194-4
Korvin G., 1998. Fractal Models in the Earth Sciences, Elsvier, ISBN 978-0-444-88907-2
Tarbuck E. J., Lutgens F. K., and Tasa D., 2002. Earth Science, Prentice Hall, ISBN 978-0-13-035390-0 Yang X. S., 2008. Mathematical Modelling for Earth Sciences, Dunedin Academic Press, ISBN 978-1-903765-92-0
Надворешни врски
„Земјата како систем“ Earth Science Picture of the Day, a service of Universities Space Research Association, sponsored by NASA Goddard Space Flight Center. Geoethics in Planetary and Space Exploration . , National Earth Science Teachers Association Earth Sciences Degree Program Directory
Категорија:Земја * Категорија:Планетологија Категорија:Списоци за наука