360п|мини|десно|Карта на која е прикажан делот на кој се простира Азурниот Брег

Азурен Брег () или Француска Ривиера — средоземниот брег на југоисточниот дел на Франција, вклучувајќи ја и суверената држава Монако. Нема официјална граница, но обично се смета дека се простира од италијанската граница на исток до Сен Тропе, Јер, Тулон или Касис на запад."Côte d'Azur, côte méditerranéenne française entre Cassis et Menton" ("Côte d'Azur, French Mediterranean coast between Cassis and Toulon") in Dictionnaire Hachette encyclopédique (2000), p. 448."Côte d'Azur, Partie orientale du littoral français, sur la Méditerranée, de Cassis à Menton" („Азурен Брег“, источниот дел на францускиот брег, на Средоземното Море, од Касис до Мантон“), во Le Petit Larousse illustré (2005), стр. 1297.

Ова крајбрежје било една од првите современи области за одмор. На почетокот, во век тоа било зимско одморалиште за британската висока класа. Со пристигнувањето на железничката пруга кон средината на век, станало место за забава и рекреација и на британската, руската и другите аристократии, како и омилено место на кралицата Викторија и кралот Едвард VII, кога тој бил принц од Велс. За време на летото, исто така, претставувала дом на многу членови на семејството Ротшилд. Во првата половина на век била посетена од голем број уметници и писатели, меѓу кои биле Пабло Пикасо, Анри Матис, Едит Вортон, Вилијам Сомерсет Мом и Олдос Хаксли, како и од богатите Американци и Европејци. По Втората светска војна станало популарно туристичко одредиште и место за конвенции. Многу познати личности, како Елтон Џон и Брижит Бардо, имаат куќи во областа. Официјално, Азурниот Брег е дом на 163 националности со 83.962 странски жителиINSEE; Попис 1999 г., иако проценките на бројот на странски државјани кои живеат во област често се многу повисоки.e.g. Comité Régional du Tourisme Riviera Côte d'Azur

220п|мини|десно|Светилникот во Ница, на Азурниот Брег

Најголем град е Ница, кој има население од 347.060 (2006).INSEE, 2009 – INSEE.fr Градот е центар на урбаната заедница Ница-Азурен Брег, која се состои од 24 општини и над 500.000 жители во урбаната област.

Ница е дом на аеродромот Ница Азурен Брег, трет најпрометен аеродром во Франција (по аеродромите Париз-Шарл де Гол и Париз-Орли), кој се наоѓа на областа на делумно одземена крајбрежна земја на западниот крај на Англиската променада. Вториот аеродром во Манделе некогаш бил комерцијален аеродром на областа,Официјално мрежно место: Cannes.aeroport.fr но сега главно се користи од страна на приватни и деловни авиони.Официјално мрежно место: Cannes.aeroport.fr Автопатот А8 поминува низ областа, како и стариот главен пат општо познат како национален пат број 7 (официјално сега наречен D N7 во департманот Вар и D6007 во департманот Приморски Алпи).Страница на патот: Nationale7.com Возовите го опслужуваат крајбрежниот регион и внатрешноста на Грас, а возот TGV пристигнува за 5 и пол часа од Париз во Ница.

Француската ривиера има вкупно население од над два милиони жители. Ги содржи приморските летувалишта на Кап д’Ај, Болје сир Мер, Сен Жан Кап Фера, Вилфранш сир Мер, Антиб, Жијан ле Пин, Кан, Сен Рафаел, Фрежис, Сент Максим и Сен Тропе.Jim Ring, Riviera, The Rise and Rise of the Cote d'Azur, John Murray Publishers, London, 2004. Исто така е дом на паркот за висока технологија и наука односно технопол кој се наоѓа во Софија-Антиполис (северно од Антиб) и центарот за истражување и технологија на Универзитетот во Ница Софија-Антиполис. Регионот има 35.000 студенти, од кои 25% работат на своите докторати.Sirius CCINCA

Француската ривиера е огромна област за пловење и крстарење со неколку пристаништа по должината на брегот. Според Агенцијата за економски развој на Азурниот Брег, секоја година ривиерата е домаќин на 50% од светската флота на суперјахти, со посета на 90% од сите суперјахти на брегот на регионот барем еднаш во својот живот.Агенција за економски развој на Азурниот Брег – p.31 CRDP-Nice.net

Како туристички центар има голема придобивка од 300 сончеви дена годишно, 115 километри долго крајбрежје и плажи, 18 голф-терени, 14 ски-центри и 3.000 ресторани.Агенција за економски развој на Азурниот Брег, op.cit. p.66

Потекло на поимот Потекло на името Азурен Брег

220п|мини|десно|Поглед од пристаништето Херкул во Монако

Името Азурен Брег му било доделено на брегот од страна на писателот Стивен Лиежар во својата книга „Азурен Брег“ (La Côte d’azur), објавена во декември 1887 година.Cannes.com Лиежар е роден во Дижон, во францускиот департман Златен Брег (Côte-d'Or) и го адаптирал тоа име само заменувајќи го зборот „златен“ со зборот „азурен“ по азурната боја на Средоземјето.Марк Боаје, L'Invention de la Côte d'Azur : l'hiver dans le Midi, préface de Maurice Agulhon, 378 pages, Édition de l'Aube, 2002, ISBN 2-87678-643-5.

Потекло на поимот Француска ривиера

Поимот Француска ривиера е вообичаен во англискиот јазик. Бил создаден по аналогија со поимот Италијанска ривиера, која се протега источно од Француската ривиера (од Вентимиља до Ла Специја). Уште во век, Британците се обраќале кон тој дел од регионот како Ривиера или Француската ривиера, што обично се однесувало на источниот дел од брегот, помеѓу Монако и италијанската граница.J. Henry Bennett, Mentone, the Riviera, Corsica and Biarritz as Winter Climates (1862) Првобитно, „ривиера“ е италијански термин кој се употребува и денес и во превод значи „крајбрежје“.

На окситански и француски јазик, вообичаени имиња се Còsta d'Azur на окситански и Côte d'Azur на француски.French online Larousse encyclopedia, article "Côte d'Azur". Име како „Француска ривиера“ (Ribiera Francesa на окситански, Riviera Française на француски) е невообичаено и звучат чудно; единствено се употребува при буквален превод. На пример, на француски, „Riviera Française“ се сретнува во енциклопедијата ЛарусFrench online Larousse encyclopedia, article "Vacances d'été" ("Summer Holydays"). како празници на група англиски работници.Harrap's Standard French and English Dictionary, 1948.

300п|мини|десно|Стариот град Мантон кој е последниот град кој се наоѓа пред италијанската граница

Споровите околу околу распространетоста на Ривиерата и на Азурниот Брег

Азурниот Брег и Француската ривиера немаат официјални граници. Некои извори ја поставуваат западната граница кај Сен Тропе во департманот Вар. Други ги вклучуваат Сен Тропе, Јер или Тулон во Вар, или најдалеку до Касис кој е сместен во депарманот Устие на Рона. Во нејзиниот роман напишан во 1955 година, „Талентираниот г-дин Рипли“, Патриша Хајсмит ја опишува Ривиерата дека започнува од брегот на Тулон па сè до италијанската граница.

Историја Од праисторијата до бронзеното доба

Азурниот брег е населен уште од праисторијата. Примитивни алатки кои потекнуваат од пред 1 милион години биле откриени во Грот ди Валоне, во близина на Рокбрин Кап Мартен, со камења и коски од животни, вклучувајќи говеда, носорози и бизони. На Тера Амата (380.000 до 230.000 п.н.е.), во близина на пристаништето во Ница, бил пронајден камин кој се смета дека е еден од најстарите најдени во Европа.Henry de Lumley, La Grande Histoire des premiers hommes europeens, pg. 120.

Камени долмени и споменици од бронзеното време можат да се најдат во близина на Драгињан, додека долината на чудата (Vallée des merveilles) во близина на планината Бего, која се наоѓа на 2000 метри надморска височина, се претпоставува дека била верско светилиште на отворено и содржи над 40.000 цртежи на луѓе и животни, а потекнува од околу 2000 п.н.е.Aldo Bastié, Histoire de la Provence, Edition Ouest-France, 2001.

Грчко влијание

Од почетокот на век п.н.е., грчки морнари од Мала Азија почнале да го посетуваат и потоа да започнат со изградба на трговски места долж Азурниот Брег. Вакви места биле изградени во Олбија (Сен Пјер де л’Алманар, во близина на Јер); Антиполи (Антиб) и Никеа (Ница). Овие населби, кои тргувале со жителите од внатрешноста, станале соперници на Етрурците и Феникијците, кои, исто така, го посетувале Азурниот Брег.

Римска колонизација

десно|мини|Крстилницата од во Фрежиската катедрала која е сè уште во употреба

Во 8 година п.н.е. императорот Октавијан Август изградил импозантен трофеен споменик во Ла Тирби (Апски трофеј или Трофеј на Август) за одбележување на мирот во областа.

Римски градови, споменици и амфитеатри биле изградени по должината на Азурниот Брег и многу од нив се зачувани и денес, како амфитеатрот и бањите во Симје, над Ница, и амфитеатрот, римските ѕидови и други остатоци во Фрежи.

Варварите и христијаните

Римска Прованса го достигнала врвот на својата моќ и просперит во текот на и век п.н.е. Кон средината на век, германските народи почнале да го напаѓаат регионот и римската моќ ослабнала.

Во истиот период, христијанството започнало да станува моќна сила во регионот. Првите катедрали биле изградени во век и биле создадени првите епархии во Фрежи кон крајот од век, во Симје и Ванс во 439 година и во Антиб во 442 година. Најстарата христијанска градба сè уште постои на Азурниот Брег и тоа е крстилницата на Фрежиската катедрала, изградена на крајот на век, а во истиот период се изградил првиот манастир во регионот, Леринскиот манастир кој се наоѓа на остров во близина на брегот на Кан.

Падот на Западното Римско Царство во првата половина на век бил проследен со инвазија на Прованса од страна на Визиготите, Бургундите и Остроготите. По ова следувал долг период на војни и династички расправии, кои довеле до понатамошни инвазии од страна на Сарацените и Норманите во век.

Грофовите од Прованса и династијата Грималди

Малку од мирот бил вратен на брегот со основањето на новото царство Прованса во 879 година, кое најпрво било предводено од династијата Бозонид (879-1112), потоа од страна на Каталонците (1112-1246) и на крај го предводеле Ангевините (1246-1382, постарата генерација; а од 1382-1483 помладата генерација).

220п|мини|десно|Рушевините на замокот на Грималди во Гримо, во близина на Сен Тропе

Во век, се појавила уште една моќна политичка сила, династијата Грималди. Потекнуваат од благородник протеран од Џенова од страна на неговите соперници во 1271 година, припадниците на различните генерации на Грималди ја презеле власта во Монако, Антиб и Ница, а изградиле замоци во Гримо, Кањ сир Мер и Антиб. Алберт II, сегашниот кнез на Монако е потомок на Грималди.

Во 1388 година, градот Ница и околната територија, од устието на Вар сè до италијанската граница, биле издвоени од Прованса и биле под заштита на Савојската династија. Територијата била наречена Грофовија Ница по 1526 година, а потоа нејзиниот јазик, историја и култура станале различни од оние на Прованса до 1860 година, кога таа била повторно вратена во Франција под Наполеон III.

Прованса ја задржала својата формална независност до 1480 година, кога последниот гроф на Прованса, Рене I од Неапол, починал и го оставил фрофството на неговиот внук, Шарл I Анжујски, кој за возврат го предал на Луј XI од Франција. Во 1486 година, Прованса официјално станала дел од Франција.

Популарност кај британската висока класа во и век

До крајот на век, оваа област подоцна позната како Азурен Брег била далечна и сиромашна област, позната главно по риболовот, маслинови градини и производство на цвеќиња за парфем (произведени во Грас).