Спиро Ристовски ( во Скопје) — македонски политичар и правник, министер за образование и наука во периодот 2013–2014 и министер за труд и социјална политика во периодот 2011–2013.

Животопис Спиро Ристовски е роден е на 6 јули 1981 година во Скопје. По професија е правник, а високо образование стекнал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Ристовски работел како правник во приватниот сектор, а во 2007 и 2008 година, тој бил заменик-директор на агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Ристовски бил министер за образование и наука во периодот 2013–2014 и министер за труд и социјална политика во периодот 2011–2013 година. На 10 јули 2014 година бил назначен за заменик министер за образование и наука, и оваа функција ја извршувал до 31 мај 2017 година.

Улога во упадот во Собранието На 20 февруари 2019 година, тој бил уапсен под обвинение дека бил еден од организаторите за Упадот во Собранието на Македонија од 27 април 2017 година.

Во јули 2021 година, тој бил осуден на казна затвор од шест години и три месеци.Затворска казна Оваа пресуда била дел од поширок судски процес против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои биле обвинети за координирање на насилството преку партиски канали. Апелациониот суд на 3 април 2023 година ја укинал првостепената пресуда, со што предметот го вратил на повторно судење во Основниот кривичен суд.

На 16 јануари 2024 година, Европскиот суд за човекови права донел пресуда со која што утврдил дека Ристовски неосновано бил држен во куќен притвор од јули 2019 до август 2020 (околу 13 месеци), бидејќи домашните судови 14 пати му го продолжувале притворот, без притоа да дадат конкретни и доволни причини за ризикот од бегство (прекршување на Член 5, § 3 од Европската конвенција за човекови права). Исто така, констатирано е прекршување на Член 5, § 4 од Конвенцијата, поради тоа што не му се доставила копија од поднесоците на повисокиот јавен обвинител како одговор на жалбите на апликантот против десет наредби за продолжување на куќниот притвор. Била пресудена и нематеријална штета која што државата требала да му ја исплати на Ристовски.

На 23 јануари 2025 година, Основниот кривичен суд во Скопје го уважил барањето за амнестија на Ристовски и го ослободил од затвор, заедно со Вељаноски, Јанакиески и Атанасовски. Ова се случи врз основа на Законот за амнестија од 2018 година, кој предвидува амнестија за лица кои не биле директно вклучени во насилството или неговата организација. Ослободувањето предизвикало политички реакции, со обвинувања дека власта (ВМРО-ДПМНЕ се врати на власт по изборите во 2024 година) штити свои функционери.

Наводи

Надворешни врски Профил на Ристовски на мрежното место на Владата на РМ Профил на Ристовски на мрежното место на ВМРО ДПМНЕ Неговата Фејсбук страница

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Министри за образование и наука на Република Македонија Категорија:Министри за труд и социјална политика на Република Македонија Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2011 Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Македонски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници во Македонија