Полог води тука. За други значења видете на појасннителната страница
Полог или Полошка Котлина — котлина и историско-географски регион во северозападниот дел на Македонија, со површина од околу 400 км2. Поделен е на два дела: Горен (Горни) Полог (во Гостиварско) и Долен (Долни) Полог (во Тетовско) и се протега во меридијански правец север - југ. Во Полог живеат околу 304.125 жители (2002) од кои Македонците претставуваат околу 18,4%, мнозинството се Албанци (73,2%), а во помала мера се застапени Турци, Роми и други. Тетово и Гостивар се најголемите населени места во Полог.
Природно-географски и релјефни одлики на Полог
мини|300|десно|Сателитска снимка на Полог мини|300|десно|Поглед на Полог од Сува Гора мини|300|десно|Поглед на дел од Полог со Сува Гора
По својот настанок, Полог е тектонска котлина, спуштена по должината на раседи помеѓу планините Шар Планина, Сува Гора, Жеден и Буковиќ. Од западната и делумно и на северната страна Полог е ограден со Шар Планина, од источната страна е ограден со планините Сува Гора и Жеден, а на југ е ограден со падините на Бистра (Влаиница), Буковиќ и Челоица. Се протега во правец североисток-југозапад. Има доста издолжен облик кој се простира од југозапад кон североисток. Се простира по горното течение на Вардар при што тој ја претставува главната оска иако делот на област лево од течението е значително поголем од оној на десниот брег. Правецот на протегање на Полошката Котлина целосно се совпаѓа со насоката на течението на Вардар. Должината на Полошката Котлина изнесува околу 40 километри, а просечната широчина е 6,5 км. Најмалата ширина е помеѓу селата Пирок и Радиовце од 5,2 км, а ова стеснување претставува и граница помеѓу Горни Полог - гостиварскиот дел и Долни Полог - тетовскиот дел. Котлината зафаќа површина од 1475 км2, а се наоѓа на надморска височина помеѓу 300 и 2774 метри. Просечната надморска височина на рамнината изнесува 500 метри и се движи од 360 до 430 метри во Долни Полог (тетовскиот дел) и од 430 до 580 метри во Горни Полог (гостиварскиот дел), зафаќајќи површина од 33.200 хектари. Рамнинскиот дел на котлинското дно зафаќа површина од 33.200 ха, а се протега помеѓу 400 и 600 метри надморска височина. Рамничарскиот дел постепено се спушта од Гостивар (520 м) спрема Јегуновце - Раотинце (385 м), како и од подножјето на Шар Планина спрема Сува Гора и Жеден. Од сите страни Полошката котлина е затворена со високи планини, со исклучок спрема источната рамка, каде што по долината на Вардар, низ Дервенската Клисура и преграбенската долина Тетовска Суводолица е поврзана со Скопската Котлина. Морфолошки, Полошката котлина претставува доста изразена пределна целина како голем котлински басен ограден со планински венци од сите страни и отворен до извесна мера само на североисточната страна кон Скопската Котлина преку Групчинскиот преод меѓу Жеден и Сува Гора и Дервенската Клисура на Вардар. Во својот јужен крај полето е, исто така, аглесто, а во северниот е заоблено и постеснето. Во сите делови полето е многу рамно. Планините и височините кои го ограничуваат, стрмно завршуваат на него. Природно е да се претпостави дека тоа некогаш имало свои нерамнини, но наносите на шарските потоци го израмниле, како што ја уништиле и закосеноста на подножјата по околните планини. Во југозападниот дел на Полог се наоѓа изворот на најголемата македонска река Вардар која протекува вдолж целата котлина во должина од 68 километри. Од изворот и по горното течение, Вардар во Полог прима 12 поголеми притоки од кои најголема е реката Пена.
Граници
мини|300п|десно|Поглед на Горен Полог од црквата „Св. Петка“ на Сува Гора, Стенче мини|300п|десно|Поглед на Долен Полог од црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ на Шар Планина, Сетоле
Границите на Полошката котлина одат по сртовите на самите планини кои го окружуваат. Северозападната граница по целата должина е доста изразена: започнува од врвот Љуботен (2499 м.) и оттука продолжува кон југозапад по највисоките делови на Шар Планина Ливадица (2491 м.), Езерска Чука (2604 м.), Бистра (2640 м.), Црн Врв (2584 м.), Кобилица (2526 м.), Царево Гумно (2502 м.) и Кара Николица (2106 м.) во изворишниот дел на Пена од каде што сртот и границата на Полог добива претежно меридијански правец од север кон југ преку шарските врвови Радеш (2411 м.), Чубричево (2410 м.), Црн Камен (2302 м.), Расенгул (2358 м.), Лера (2197 м.), Морава (2150 м.) и Кожа (1710 м.) со вкупна должина од 86 км. Југозападната граница чија должина изнесува 33 км, започнува од врвот Кожа и минува преку гребенот Влаиница со врвот Кула (1310 м.), врвот Дијановец (1290 м.) од каде оди по врвовите на планината Буковиќ - Среткоска Краста (1674 м.), Колари (142 м.) и завршува на врвот Добра Вода (2062 м.) од каде пак започнува југоисточната граница во должина од 60 км со протегање по сртот на Сува Гора со врвовите Лимоња (1843 м.), Кодра Таурли (1852 м.), Крива Осојница (1682 м.), Буша (960 м.) од каде се спушта на дното на групчинскиот преслап од каде повторно се искачува на планината Жеден со врвовите Грамада (1111 м.), Кодрашајнца (1150 м.), Мал (1225 м.) и Голем Жеден (1260 м.) завршувајќи во Дервенската Клисура на Вардар. Најкратка е североисточната граница која се протега во должина од 18 км од врвот Голем Камен (771 м.) во Дервенската Клисура преку Осој (1029 м.) и Бел Камен (1520 м.) завршувајќи на врвот Љуботен. Македонскиот револуционер Ѓорче Петров го дава следниот опис на границите и полето: од запад првиот дел на Шар Планина по целото продоложение од с.Вратница на север до с.Здуње, од југ, го ограничуваат подгорјата на Влаиница и Буковиќ, од исток како карпа го заградуваат Сува Гора и Жеден со врвот Групчин меѓу нив, а во неговиот северен крај се издигнува врвот Љуботен. Во тие граници тоа претставува еден издолжен четириаголник со должина во правец од север кон југ од 10 -10 ½ часа, а широчина од запад кон исток ½ - 2 часа. Источната граница му претставува значително права линија, а западната или шарската карпа во средината е малку поиздадена, затоа што Враца и Лисец Планина се издаваат малку нанапред.
Поделба Главна, најпозната и вообичаена поделба на просторот во Полошката Котлина, воспоставена од самото население е на Горни Полог (околу 718 км2 или 45%) и Долни Полог (околу 855 км2 или 55%). Ваквата народна поделба е воспоставена на основа на течението на Вардар, а покрај географските одлики таа претставува и поделба на етнолошките и етнографските одлики на населението во две засебни групи со свои говор, носии, обичаи и одлики. Границата помеѓу Горни и Долни Полог ја сочинува долината на Боговињска Река која е лева притока на Вардар или поточно линија во правец југоисток - северозапад која се протега по границите на атарите на соседните села Стенче и Теново на подножјето на Сува Гора, Радиовце и Пирок во котлинската рамнина и Ново Село и Ѓурѓевиште на Шар Планина. Средиште на Горни Полог е Гостивар, а средиште на Долни Полог е Тетово. Оваа поделба на Полог на горен и долен дел е многу стара и во пишаните историски извори се споменува уште во XI век. На основа на етнографските црти, истражувачот Јован Трифуноски предлага и посебна целина наречена Среден Полог со селата Челопек, Милетино, Блаце, Теново и Радиовце. Покрај оваа главна поделба на Горни и Долни Полог, котлината се дели и на помали предели. Местото и селата крај Шар Планина се нарекуваат Подгорје или Полог, а местата и селата по Вардар – Вардарија, додека во другите делови на полето делумните имиња се даваат според имињата на селата во него. Долни Полог се дели на: Подгор кој го зафаќа закосениот ридски предел поплавуан од шарските реки во подножјето на Шар Планина од Тетово на југозапад до Вратница на североисток со главно средиште во селото Теарце, потоа Вардарија или Поселје (како што се именува во Вратница) е најнискиот дел на областа кој се простира околу Вардар и подножнјето на Жеден почнувајќи на југозапад кај селото Палатица завршувајќи на североисток кај Јегуновце со средиште во селата Сиричино и Раотинце, додека некогаш средиште било Подбреѓе и конечно со името Дервен се нарекува клисурата од Јегуновце до Радуша.
Име мини|десно|Поглед на Полошката Котлина од Шара