Стефан Аврамов (1884 – ) бил интелектуалец, публицист, историчар и учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 2

Животопис Роден е во Чирпан, централна Бугарија. Образованието го завршил во Гимназијата во родниот град, по што во 1902 г. бил назначен за учител во Велешко, каде што и се вклучил во ТМОРО. Во периодот 1903–1907 учителствувал уште и во Охрид и Битола.“Енциклопедија Македоника”, книга I, 2009, стр. 7“Aлманах на българските национални движения след 1878”, Софиja, 2005

Учествувал во борбите на ТМОРО со српската вооружена пропаганда во Велешко и Поречието. Во 1907 г. пребегнува во Бугарија. лево|мини|257x257пкс|Стефан Аврамов со македонски Илинденци на 4 мај 1938 година, по повод 35-годишнината од смртта на Делчев. Член е на раководното тело на организацијата на ветераните на ВМРО „Илинден“ и објавува статии во списанието „Илустрација Илинден“. Од 1922 година е потпретседател на Народниот сојуз на резервните офицери и подофицери, а по Деветојунскиот преврат во 1923 година го затвора. Член е на БКП и соработник на нивната Воена Организација (1923 - 1925).

По молба од Тодор Александров лично, Стефан Аврамов ги пишува и објавува своите спомени од четничката дејност во Македонија. Во 1929 година е објавена неговата автобиографија „Револуционерните борби во Азот (Велешко) и Поречието“.

Во 1931 година, го потпомага издавањето на „Алманах Македонија“. Други трудови: „Солунскиот заговор“ (1933), „Херојски времиња: Романтиката на Македонија“ (1934, и второ издание во два тома 1941 - 1942), „Бугарскиот дух низ вековите“ (1944), „Орлите на Бабуна: Легенди и раскази“ (1944).Енциклопедия България, том 1, Издателство на БАН, София, 1978, стр. 16.

На 21 јули 1945 година е избрано ново раководство на Илинденската организација и Стефан Аврамов е назначен за претседател. На таа функција останал до 1947 година. Тој го помагал емигрантското движење на Македонците во Бугарија. Автор е на биографски есеј за Јане Сандански. Бил доста ценет и популарен во македонските емигрантски кругови од илинденската епоха. Умира во 1953 година во Софија.Милен Куманов – „Македония: Кратък исторически справочник“, Софија, 1993, стр. 12.

Надворешни врски „Револуционите борби во Азот (Велешко) и Поречието“ (на бугарски јазик)

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Починати во Софија Категорија:Погребани на Централните софиски гробишта Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија