Мајкл Винсент Кин (роден на 11 јануари 1993 година) — англиски фудбалер, играч од одбраната на Барнли. Неговиот брат близнак Вил Кин е исто така фудбалер и игра за Манчестер Јунајтед.
Кин ја претставувал селекцијата на Република Ирска во младинските категории до 17, 18 и 19 години, пред да заигра за селекцијата на Англија под 19 години на европското првенство во Естонија.
Технички одлики Неговата позицијата е централен одбранбен играч, но по потреба може да биде користен и како страничен бек.
Кариера Манчестер Јунајтед Кин потпишал професионален договор со Манчестер Јунајтед на својот 18-ти роденден на 11 јануари 2011 година. Тој го направил своето деби за првиот тим на 25 октомври 2011 година во четвртиот круг од Лига купот против Олдершот Таун, појавувајќи се како замена во 70-тата минута на местото на Езекиел Фрајерс во победата на Јунајтед со 3-0 нагости. На 28 јануари 2012 година тој повторно бил повикан на клупата, овој пат против Ливерпул за натпревар од ФА Купот. Сепак, тој останал неискористена замена и натпреварот завршил со победа на Ливерпул од 2-1.
Следната сезона тој за првпат бил стартер во еден натпревар на Јунајтед, на 26 септември 2012 година против Њукасл Јунајтед во Лига купот, играјќи во пар со Скот Вутон на центаралните позиции во одбраната. По натпреварот, соиграчот Дарен Флечер го пофалил Кин за неговата игра опишувајќи ја како фантастична.
Лестер Сити На 6 ноември 2012 година, Кин заедно со неговиот соиграч од резервите на Јунајтед, Џеси Лингард му се придружил на Лестер Сити во Чемпионшип на заем до 3 декември 2012. Кин го направил своето деби за Лестер Сити на 6 ноември 2012 година, во ремито без голови 0-0 нагостувањето кај Болтон. Во 56-тата минута од овој натпревар Кин се повредил и бил заменет од страна на Лајам Мур. Заемот потоа бил продолжен до 2 јануари 2013. Тој се вратил по повредата на 29 ноември 2012, но останал неискористена замена во натпреварот против Барнли. Неговото враќање на теренот се случило на 1 јануари 2013 кога тој ги одиграл комплетните 90 минути во победата на домашен терен над Хадерсфилд со 6-1. Подоцна, Кин го продолжил неговиот престој во Лестер до крајот на јануари 2013 и му била дадена дозвола од страна на Јунајтед да игра во натпреварите од ФА Купот за Лестер.
Статистика на кариерата Клуб КлубСезонаЛигаКупЛига КупЕвропаДругоОстанати официјални натпреварувања, ФА Комјунити ШилдВкупноМечГолМечГолМечГолМечГолМечГолМечГолМанчестер Јунајтед2011–120000100000102012–1300002000–20Вкупно000030000030Лестер Сити (заем)2012–134010–––50Вкупно во кариерата401030000080 Статистиката последен пат е ажурирана на 25 јануари 2013.
Надворешни врски Профил на Мајкл Кин на ManUtd.com Профил на Мајкл Кин на soccerway
Нотес
Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Лестер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Дарби Каунти Категорија:Фудбалери на ФК Блекбурн Роверс Категорија:Фудбалери на ФК Барнли Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Ирски фудбалери Категорија:Родени во 1993 година