Брезник (, до 1945 г. Брѣзникъ) — град во Западна Бугарија, административен центар на Општина Брезник во Перниичката Oбласт. Има население од околу 3.835 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Брезник се наоѓа во западниот дел на Бугарија. Од главниот град Софија е оддалечен 45 км западно, а градот Перник е оддалечен е само 20 километри северно.

Релјеф Областа Брезник се наоѓа во центарот на Брезничкото поле, на околу 760 метри м.н.в. Над градот се крева планината Голо брдо. Крајот околу градот се вика Граово.

Клима Поради значителната надморска висина килмата во Брезник е поостар облик на континентална клима со планински влијанија.

Вода Низ Брезник и околината протекуваат повеќе помали потоци.

Историја Првпат градот бил спомнат во Приказната за Исаија од 11 век и Бугарската апокрифна хроника како БР(Ѣ)ЗНИКЪ. Подоцна градот се споменувал и во текот на 15-19 век, што го потврдува неговото континуирано постоење.

Во 17-18 век Брезник бил атрактивен центар за водечките сликари и градители. Мештаните били многу активни и успеале да го привлечат дури и истакнатиот претставник на самоковската школа, Јован иконописец. Воспитно-образовната работа исто така била многу добро развиена. Ќелијни училишта имало во Билинскиот манастир, црквата „Света Петка“ и во некои брезнички села. Во 1869 година во градот Брезник било основано првокласното училиште во кое учителствувал Димитар Тонџаров од Самоков. На негова иницијатива во градот бил отворено и градското читалиште. Во времето пред ослободувањето имало околу 200 бугарски и 30-40 турски куќи, а потоа турското население се иселило од градот и од сите села во околината.

Демографија Според проценките од 2010 година во Брезник живееле околу 4.200 жители. Поголемиот број на градското население се Бугари. Остатокот се најчесто Роми. Последните децении жители се иселуваат од градот заради оддалеченоста од главните случувања во земјата. Поголемиот дел од населението е православно.

Галерија

Надворешни врски

Официјално мрежно место

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Перник