Гоцева мисла претставува меѓународна награда за културен натпревар меѓу народите, инспирирана од мислата „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ од револуционерот Гоце Делчев. Наградата се доделува во пресрет на неговиот роденден на 4 февруари секоја година на лица кои дале особен придонес во културна афирмација на македонскиот народ и некоја друга нација. Прв историски добитник бил хрватскиот амбасадор во Македонија, Златко Крамариќ во 2013 година. Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија Презент“ од Скопје.
Лауреати ГодинаДобитникЗанимањеОбразложение2013Златко Крамариќамбасадорнаграден за афирмација и популаризација на македонската книжевност, уметност и култура, за воспоставување и негување на меѓусебните културни врски меѓу Македонија и Хрватска, за континуираното одржување на демократските процеси и перманентното поттикнување на културниот натпревар меѓу народите2014НАГРАДАТА „ГОЦЕВАТА МИСЛА“ ЌЕ И' БИДЕ ВРАЧЕНА НА ОЛГА ПАНКИНАОлга Панкинаписателка и преведувачка од русијанаградена за нејзиниот севкупен придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската книжевност и култура во странство, посебно за големиот број преводи и објавени дела од македонски автори на руски јазик2015Данијела Костадиновиќуниверзитетски професор од Србијанаградена за севкупниот ангажман и придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската книжевност и култура во странство, посебно со нејзините бројни текстови, преводи и книги од македонски автори на српски јазик2016Тања Попова и Звонко Танескипоет (Попова) и преведувач (Танески)Попова наградена за севкупниот ангажман и придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската книжевност и култура во странство, посебно со нејзините бројни преводи на дела од македонски автори на бугарски јазик Танески награден за бројните преводи на македонски автори и книги на словачки јазик. 2017Волф Ошлис, Горан Калоѓера, Лилјана Јанаќковиќ и Ресул ШабаниНаградата „Гоцева мисла“ за Ошлис, Калоѓера, Јанаќковиќ и Шабани// 2018Суат Енѓулу, Елка Наголова и Ристо ВасилевскиНаградата „Гоцева мисла“ за Суат Енѓулу, Елка Наголова и Ристо Василевски//2019Кирил Темков, Жан-Патрик Конрадпрофесот од Филозофскиот факултет во Скопје ( Темков) и претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите со седиште во Париз (Конрад)/2020202120222023202420252026Зорица Митровиќ„за нејзиниот исклучителен личен придонес и животно дело во афирмацјата зачувувањето и развојот на македонската култура и јазик во Република Србија“ Петре Димовски Писател„за неговиот исклучителен и долгорочен придонес во развојот на македонската книжевност, како и за богатото и жанровски разновидно творештво кое остава трајна трага во македонската културна историја“
Наводи
Поврзано Гоце Делчев; Прозни мајстори - прозна награда на фондацијата и ИК Феникс; Златен прстен - награда за творечки опус и високи креативни дострели на книжевен план на фондацијата и ИК Феникс; Македонска книжевна авангарда - награда за ново авангардно книжевно творештво на фондацијата; Струшко изгрејсонце - награда за најдобра книга за деца и млади од македонски автор, што ја доделуваат издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата „Македонија презент“ од Скопје;
Категорија:Македонски награди Категорија:Гоце Делчев во културата