Днепар (; ), порано Днепропетровск (; ; од 1926 до 2016) — четврт најголем град во Украина, со околу еден милион жители.gorod.dp.ua Днепропетровска област, статистики Ukrcensus.gov.ua — Град 8 март 2007Официјални статистики, 01.08.2012 (украински) Се наоѓа југоисточно од главниот град на Украина Киев, на реката Днепар, во јужниот средиштен дел на земјата. Днепар е административен центар на Днепропетровската област. Наречен е по реката Днепар, која тече низ него.

Официјалната година на основање на градот е 1526, кога на територијата на денешниот град Днипро постоела населбата Стара Самар. Во 1776 година бил повторно изграден од Григориј Потемкин и преименуван во Екатеринослав (руски: Екатериносла́в; украински: Катериносла́в) во чест на Екатерина II.

Во 1787, од страна на Екатерина Велика, градот бил прогласен за административен центар на новоосвоените територии на империска Русија, вклучувајќи ги и териториите добиени од Османлиското Царство по Ќучуккајнарџискиот договор од 1774 година.

Во 1926, градот го добил името Днепропетровск по советскиот револуционер Григориј Петровски. Станал главен индустриски центар во Советска Украина и следователно еден од клучните центри на атомската, воената и вселенската индустрија на поранешниот Советски Сојуз. Бил седиште на Јужмаш, главен проектант и производител за вселенската индустрија и балистички ракети. Поради неговата воена индустрија, Днепар бил затворен градПод затворен град се подразбира дека ниеден странец не смее да влезе во градот без официјална дозвола. до 1990-тите години. На 19 мај 2016, со одлука на украинската Врховна рада како дел од процесот за Декомунизација на Украина, градот бил реименуван во Днепар (укр. Дніпро).

Во рамките на поширокото градско подрачје, населението се движи од 1.004.000Обединети нации Сектор за економски и социјални прашања, Движења на урбанизацијата во светот , (Обединети нации, 2010), Табела A.12. Податоци за 2007. до 1.360.000Томас Бринкоф, Principal Agglomerations of the World, 12 март 2009. луѓе.

Имиња

Низ годините, Днепар го менувал своето име повеќепати:

Екатеринослав 1776–1782, повторно 1783–1797 Новоросијск 1797–1802 Екатеринослав 1802–1917 Сичеслав 1917–1918Украински национализам во 1990-ти: Малцинска вера од Ендру Вилсон, Cambridge University Press, 1996, ISBN 978-0-521-57457-0, page 89 Екатеринослав 1918–1926 Днепропетровск 1926–2016 Днепар 2016-денес

Исто така, бил означуван како Катеринослав и Катаринослав на карти во XIX век.Англиска карта од 1820

Географија

лево|мини|Воздушен поглед на Днепропетровск. Реката Днепар и бројните мостови на реката може да се видат.

Градот е изграден главно на бреговите на реката Днепар, во дел од главниот меандер на реката каде го менува својот тек од север кон запад, а потоа продолжува кон југ и југозапад низ Украина, стигнувајќи во Херсон пред да се влие во Црното Море. Оваа положба обезбедува значајни можности за развој на земјоделството, главно благодарение на природното наводнување обезбедено од реката и плодната почва.

Областа во градот е главно без ридови и други височинки. Низинската област му го овозможила големиот развој на градот низ годините, особено во последните 200 години. Додека поголемиот дел од станбените, комерцијалните и индустриските окрузи на градот се долж јужниот брег на реката, некои области се изградени и на помалку гостопримливиот северен брег на реката.

Денес, обата брега се развиени и располагаат со голем број индустриски објекти. Аеродромот на градот се наоѓа 15 километри југоисточно од градот.

Центарот на градот е изграден на големо плато веднаш до Днепар, меѓутоа, стариот дел на градот е сместен на рид, кое е создадено како последица на промената на текот на реката кон југ. Булеварот Карл Маркс води до двете големи архитектонски знаменитости на градот и претставува важна сообраќајница низ центарот.

мини|десно|Централниот плоштад е мало продолжување на плоштадот Ленин, веднаш до шопинг-центарот Европа.

Клима

Летата во Днепар се многу топли (просечна дневна температура во јули е 24 до 28 °C, понекогаш дури и пожешко од 32 до 36 °C). Температури од 36° се забележуваат и во мај. Зимите не се толку студени (просечната дневна температура во јануари е од -4 до 0 °C, но кога нема снег и кога ветровите се силни, се чувствува поголем студ. Мешавина на снег и дожд обично се појавува во декември.

Најдобро време за посетување на градот е кон крајот на пролетта - крај на април и мај и рано во есента: септември, октомври, кога дрвјата во градот стануваат жолти.

Климата е мешавина на умерена и континентална клима и понекогаш во зима кога е многу студено и паѓа снег (понекогаш температурите паѓаат од −10 до −15 °C), а во лета, градот е многу топол (понекогаш над +40 °C), особено кон крајот на јули иа август.Поврзано: klimadiagramme.de — Клима во Днепропетровск

Наводи

Надворешни врски

Страница за градби во Днепар

Слики од Днепар

Днепар Категорија:Градови во Украина Категорија:Затворени градови Категорија:Градови во Днепропетровската област Категорија:Населени места основани во 1526 година Категорија:Населени места основани во 1776 година