За други значења на поимот Козјак видете на појаснителната страница
Козјак — вештачко езеро во Западна Македонија, најголемо во државата, сместено помеѓу планината Сува Гора на запад и резерватот „Јасен“ на исток. Езерото е долго 32 км, некаде е длабоко и 130 м, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 м. Кон езерото водат два пата: јужниот пристап кон езерото води од Македонски Брод и се протега по течението на реката Треска. Другиот пристап е од Скопје при што патот се протега под јужните падини на Водно.
Езерото е создадено во 2004 г., кога започнала со работа хидроцентралата „Козјак“, со капацитет од 150 гигават-часови просечно годишно производство на електрична енергија. Целиот акумулациски систем бил проектиран од кинески инженери. Основата на браната е 500 м, а круната или врвот 310 м. Максимална кота на езерото е 469,9 м. Капацитетот на езерото е приближно 0,38 км3 вода.Јане Војчески, „Езеро Козјак“, Економија и бизнис, година 17, бр. 189, март 2014, стр. 90-91.
Флора и фауна
Во акумулацијата Козјак се среќаваат девет видови риби, но не е исклучено да се најдат и други видови на риби.Езера - ЗПР „Јасен“ Во последните години активно и редовно се врши порибување на езерото. Вид Научен назив Слика поточна пастрмка Salmo macedonicus Поточна пастрмка|100п крап Cyprnus carpio Крап|100п виножитна пастрмка Oncorhynchus mykiss Виножитна пастримка|100п клен Leuciscus cephalus Клен|100п скобуст Chondrostoma nasus Скобуст|100п мрена Barbus barbus Мрена|100п гомнушка Alburnoides bipunctatus Гомнушка|100п јагула Anguilla anguilla Јагула|100п
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Страница за езерото „Козјак“ — Општина Македонски Брод
Категорија:Вештачки езера во Македонија Категорија:Езера во Македонија Категорија:Општина Македонски Брод