Гелберг () — село и поранешна општина во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Од 1 јануари 2019 година претставува дел од слободниот град Зул.
Географија
Гелберг се наоѓа на северниот раб од Тириншката Шума помеѓу долините на Вилде и Цаме Гера. Местото се наоѓа на височина од 680 до 750 метри. Кон селото припаѓа и местото Гелбергер Грунд. Западно од местото се наоѓа Шнекопф („Снежна Глава“), втор највисок врв во Тирингија.
Соседни места
Гелберг се граничи со следниве места, почнувајќи од север: Гератал, Елгерсбург, Илменау (сите во округот Илм), Шмидефелд на Ренштајг, Голдлаутер-Хајдерсбах, Зул (сите во градот Зул) и Оберхоф (округ Шмалкалден-Мајнинген).
Од најблиското место Грефенрода е оддалечен 10 километри, со што Гелберг е едно од најизолираните места во Германија.
Надворешни врски
Категорија:Илм (округ) Категорија:Поранешни општини во Тирингија Категорија:Села во Тирингија