Хилдбургхаузен () — округ во Тирингија, Германија. Се граничи со (од запад надесно) округот Шмалкалден-Мајнинген, слободниот град Зул, окрузите Илм, Залфелд-Рудолштат и Зонеберг и покраината Баварија (окрузите Кобург, Хасберге и Рен-Грабфелд). Сместен на половина пат помеѓу планинските Рајнскиот Масив и Тириншката Шума, округот во голем дел е ридест и богат со шума. Неговата територија е слично со онаа на поранешното војводство, Саксо-Хилдбургхаузен.

Грб

лево|130п|Грб на округот Хилдбургхаузен

Грбот прикажува:

хералдичкиот лав на Мајсен, претходникот на државата Саксонија петелот ги прикажува грофовите од Хенеберг, кои владееле со областа до 1583 долу е симболот на бискупијата Вирцбург

Градови и општини

Слободни градовиСлободни општини Ајсфелд Хилдбургхаузен Ремхилд Шлојзинген Ауенгрунд Брин Масерберг Шлојзегрунд Фајлсдорф Општински заедници1. Фелдштајн Алштет Бајнерштат Бишофрод Дингслебен Еренберг Ајхенберг Гримелсхаузен Груб Хенфштет Клостер Фесра Ленгфелд Марисфелд Оберштат Ројрит Санкт Бернхард Шмехајм Темар1, 22. Хелдбургер Унтерланд Хелдбург1, 2 Шлехтсарт Швајкерсхаузен Штрауфхајн Умерштат2 Вестхаузен1седиште на општинската заедница;2град

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница