Томас Мире (роден на 16 октомври 1973 година, во Сарпсборг) — поранешен норвешки фудбалер, голман.

Последниот клуб за кој бранел пред неговото пензионирање бил Конгсвингер, откако се вратил во норвешкиот фудбал во јули 2007 година. Мире го чувал голот и на норвешката репрезентација во 56 натпревари.

Клупска кариера

Репрезентативна кариера Мире бил избран да ја претставува Норвешка на Светското првенство 1998, каде што тој бил неискористена замена во сите натпревари на Фроде Гродас.

На Европското првенство 2000, Мире бил на голот на Норвешка во сите три натпревари од групната фаза. Тој ја сочувал својата мрежа сува во натпреварите против Шпанија и Словенија, а единствениот гол на турнирот кој го примил бил дело на Саво Милошевиќ со кој против Југославија ја победила Норвешка со 1-0 и ја елиминирала од натамошните настапи на првенството.

Во квалификациите за Евро 2008 противТурција на 28 март 2007 година, Норвешка водела 2-0 на полувремето. Во второто полувреме, по еден слободен удар изведен од страна Хамит Алтинтоп, Мире не успеал да интервенира како треба и и помогнал на топката да заврши во неговата мрежа. Неколку минути пред истекот на регуларните 90, уште еднаш Алтинтоп шутирал а неговиот удар завршил меѓу нозете на Мире во неговата мрежа, по што натпреварот завршил 2-2. Иако неговите колеги од норвешката репрезентација се обидувале да го утешат, Мире изјавил дека ова за него бил "најлошиот ден на теренот во кариерата". Натпреварот против Турција бил воедно и неговиот последен за норвешката репрезентација.

Статистика Репререзентативна статистика

НорвешкаГодинаНаст.Голови1998201999402000702001100200260200300200490200590200670200720Вкупно560

Наводи

Надворешни врски

Официјален профил на страната Викинг FCK профил Профил на National Football Teams

Категорија:Живи луѓе Категорија:Норвешки фудбалери Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Ренџерс Категорија:Фудбалери на ФК Бирмингем Сити Категорија:Фудбалери на ФК Бешикташ Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Фудбалери на ФК Кристал Палас Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Родени во 1973 година