Дасанечите се африкански народ кој живее во Етиопија, Кенија и Јужен Судан. Нивната татковина е зоната Дебуб Омо во јужна Етиопија. Според пописот од 2007 година, Дасанечите броеле 48.067 жители, од кои 1.481 жители се урбани жители."Census 2007" , first draft, Table 5. A further 1,469 are recorded as being "Murle".
Дасанечите се сточарски народ. Сепак во последно време значително се намалил бројот на говеда кои ги одгледуваат, пред сè поради губење на земјиштето во Кенија и Судан. Како резултат на тоа, голем број од народот се преселил во долината на реката Омо, каде започнале со полјоделство. Мајчин јазик на народот е дасанечкиот јазик. Јазикот е дел од кушитските јазици, карактеристичен по големиот број на именски категории, неправилен глаголски систем и експлозивни согласки.
Дневен живот Овој народ е претежно сточарски и земјоделски. Поради големите суши полјоделството е тешко за работење. Во однос на сточарството, најмногу одгледуваат кози и крави. Покрај тоа, дел од народот се занимава и со риболов и лов, особено на крокодили во езерото Туркана.
Жените се обрежани, односно отстранета им е дразницаот. Нивното обрежување е во намален степен за разлика од околните народи. Жените кои не се обрежани се нарекуваат животни или момчиња и не можат да се омажат или да носат облека. Исто така и момчињата се обрежуваат.
Наводи
Дополнителни информации Uri Almagor, "Institutionalizing a fringe periphery: Dassanetch-Amhara relations", pp. 96–115 in The Southern Marches of Imperial Ethiopia (ed. Donald L. Donham and Wendy James), Oxford: James Currey, 2002. Claudia J. Carr, Pastoralism in Crisis: the Dassanetch of Southwest Ethiopia. University of Chicago. 1977.
Категорија:Народи во Етиопија Категорија:Народи во Кенија Категорија:Народи во Јужен Судан