мини|Алберто Гарсија Аспе (2017) Алберто Гарсија Аспе Мена (роден на 11 мај 1967 во Град Мексико) — поранешен мексикански фудбалер, играч од средниот ред.
За мексиканската репрезентација одиграл 109 натпревари и постигнал вкупно 21 гол. Учествувал на три Светски првенства во 1994, 1998 и 2002 година.
Биографија Во брак е со Роси Пелаес, сестрата на Рикардо Пелаес - негов соиграч од Некакса, Клуб Америка и репрезентацијата на Мексико, со која се оженил во 1990 година. Двојката има две женски деца: Марија Роса родена во 1992 година и Химена родена во 1995 година.
По завршувањето на кариерата работел како извршен директор во екипата на УНАМ Пумас.El Porvenir Моментално работи како коментатор за телевизијата Fox Deportes.
Технички карактеристики Вреден и работлив централен играч од средниот опремен со добра техника, на кој му се допаѓа идејата често да ја има топката кај себе и да оди напред. Има добар шут со десната нога што го прави закана за противниците кога се приклучува во нападот. Покрај тоа, Гарсија Аспе бил познат и по својте лидерски способности, поради што често ја носел капитенската лента во клубовите во кој што настапувал како и во мексиканската репрезентација.
Бил познат и како добар изведувач на слободни удари и пенали.
Клупска кариера Својата фудбалска кариера ја започнал во екипата на УНАМ Пумас, за која дебитирал со само 17 години во 1984 година, во победата со 4-1 над Пуебла. За време на сезоната 1990-1991, тој станал првак во мексиканската лига со Пумас, откако во големото финале биле подобри од Америка, и покрај тоа што вкупниот резултат бил нерешен 3-3 титулата му припаднала на клубот на Гарсија Аспе поради повеќе постигнати голови на гости во тоа двомеч финале.
Во 1991 година, тој се преселил во екипата на Некакса, каде играл со неколку одлични играчи како Игнасио Амбрис, Херардо Ескивел, Алекс Агинага, Иво Басај и Рикардо Пелаес, под водството на тренерот Роберто Сапорити, а потоа и на Мануел Лапуенте. Во оваа златна ера за клубот од Агуаскалиентес, Гарсија Аспе дал голем придонес со преку 200 настапи и над 70 голови во сите натпреварувања за освојувањето на двете титули во првенството во сезоните 1994-1995 и 1995-1996, Купот на Мексико во сезоната 1994-1995, Првенството на прваците во 1995 и КОНКАКАФ Купот на победниците на куповите во 1994 година.
Во 1995 година, како позајмен играч од Некакса, Гарсија Аспе потпишал за аргентинскиот гигант Ривер Плејт. Сепак, искуството во овој клуб не било позитивно за него, бидејќи додека сè уште се обидувал да се адаптира на новата земја и нејзиниот фудбал, по еден слабо одигран натпревар тој паднал во заден план и минутажата му се намалила дотолку што во голем број натпревари не бил пријавен ниту на клупата за резерви. Сето тоа го погодило играчот и по неколку месеци во Аргентина, тој се вратил назад во својата татковина во екипата на Некакса.
Од 1997 до 1999 година, Гарсија Аспе го носел дресот на Клуб Америка, а последните три години од кариерата ги поминал во дресот на Клуб Пуебла. Својот последен клупски натпревар го одиграл на 14 април 2002 година, во поразот на неговата Пуебла на гостувањето кај Морелија со 5-2.
Вкупно во мексиканското првенство Гарсија Аспе одиграл 518 натпревари, постигнал 142 гола и забелажал 51 асистенција.
Репрезентативна кариера Гарсија Аспе дебитирал за мексиканската репрезентација на 21 февруари 1989 година, во победата со 2-1 над во пријателски натпревар одигран во Лос Анџелес.
Како дел од репрезентацијата тој освоил две натпреварувања: КОНКАКАФ Голд купот во 1996 и Купот на конфедерации во 1999 година.
Покрај тоа, учествувал на три Светски првенства во 1994, 1998 и 2002 и четири турнири на Копа Америка во 1993, 1995, 1999 и 2001. На Светското првенство 1994, тој постигнал гол од пенал во осминафиналето против , но бил еден од тројцата играчи кој промашиле од белата точка што довело до тоа мексиканците да бидат елиминирани по изведување на пенали. На следниот мундијал 1998 во Франција, тој исто така постигнал еден гол и повторно од пенал во ремито 2-2 против во групната фаза. На Светското првенство 2002, тој се појавил во игра само во еден натпревар, запишувајќи 12 минути во поразот од во осминафиналето.
На дебито на Мексико на Копа Америка во 1993 година, Гарсија Аспе постигнал два гола во победата со 4-2 над во четвртфиналето; мексиканците стигнале до финалето во кое загубиле од со 2-1. Тој бил во составот на Мексико и осум години подоцна, кога мексиканците го повториле својот најдобар успех на Копа Америка, стигајќи повторно до финалето во кое овојпат биле поразени од домаќинот со 1-0. Претходно, тој од пенал го постигнал победничкиот гол во полуфиналниот двобој против (2-1 за Мексико).
Вкупно за мексиканската репрезентација одиграл 109 натпревари и постигнал 21 гол.
Титули Клупски УНАМ Пумас Примера Дивисион : 1 1990-1991 КОНКАКАФ Лига на шампиони : 1 1989
Некакса Примера Дивисион : 2 1994-1995, 1995-1996 Куп на Мексико : 1 1994-1995 Првак на прваците : 1 1995 КОНКАКАФ Куп на победниците на куповите : 1 1994
Репрезентативни Мексико КОНКАКАФ Голд куп : 1 1996 ФИФА Куп на конфедерации : 1 1999
Наводи
Надворешни врски
Мрежно место на Гарсија Аспе Профил на National Football Teams Репрезентативна статистика на rsssf
Категорија:Живи луѓе Категорија:Мексикански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Ривер Плејт Категорија:Фудбалери од Примера Дивисион (Мексико) Категорија:Родени во 1967 година