Марко Сау (роден на 3 ноември 1987 во Соргоно, Италија) — италијански фудбалер, напаѓач на Каљари во Серија А.

Кариера Сау ја започнал својата кариера во младинските категории на Тонара од каде дошол во редовите на Каљари во 2005 година.

Почнувајќи од 2007 година, тој бил на пет позајмици едноподруго во следните 5 сезони и тоа во тимовите на Манфредонија, Албинолефе, Леко, Фоџа и Јуве Стабија.

Во сезоната 2011–2012, како позајмен фудбалер во Јуве Стабија, Сау постигнал 21 и бил втор стрелец во Серија Б со 7 гола помалку од Чиро Имобиле од Пескара.

По добрите игри во Јуве Стабија, Сау се вратил во Каљари за наредната сезона и дебитирал со гол во Серија А на 15 септември 2012 против Палермо. Во сезоната 2012-13 во Серија А, Сау постигнал 11 голови во 22 настапи и бил трет најдобар италијански реализатор во лигата зад Ел Шарави и Ди Натале.

Надворешни врски Марко Сау на soccerway

Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на Каљари Калчо Категорија:Родени во 1987 година