Лука Мароне (, ) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Леко.

Кариера На возраст од шест години се запишал во младинската академија на Јувентус. Постепено ги минувал сите младински категории, за во претсезоната 2009-2010 тогашниот тренер на Јувентус, Чиро Ферара да го повика во првиот тим. Тоа лето одиграл неколку пријателски средби за сениорскиот тим. Во првото коло од Серија А влегол како замена за Тијаго во 70. минута од натпреварот, и со тоа воедно го направил своето официјално деби за Јувентус. Таа сезона забележал уште неколку настапи во Серија А, а следното лето бил прекомандуван во нов тим.

Во јули, за време на преодниот рок 2010, бил привремено отстапен на екипата на ФК Сиена. Таму тренер бил Антонио Конте, под чие водство тимот го освоил второто место во Серија Б и со тоа автоматски изборил пласман во Серија А наредната сезона. Мароне добивал солидна минутажа и бил постојан член на почетните 11.

По истекот на позајмицата се вратил во Јувентус, а во клубот од Торино истовремено дошол и тренерот Конте. Според првичните планови, Мароне требало да замине на уште една позајмица, но Конте го спречил преминот бидејќи го сметал овој фудбалер за важен дел од првиот тим. Иако е во првиот тим, неговата ролја во екипата е незабележителна. Од 2009 па наваму, настапил на 13 средби за „старата дама“. Во сезоната 2012-13, Мароне одиграл неколку натпревари за Јувентус на позицијата централен одбранбен играч во формација со тројца одбранбени.

Во летото 2013, Сасуоло откупил половина од договорот на Мароне од Јувентус, и ги обезбедил неговите услуги за сезоната 2013-14.

Има забележано и неколку настапи за јуниорските репрезентации на Италија. За составот на Италија под 21 година има одиграно 25 натпревари и притоа постигнал еден гол (натпреварот против Унгарија, март 2010). Тренери во младинските национални селекции му биле Пјерлуиџи Касираги и подоцна Чиро Ферара.

Клупска статистика КлубЛигаСезонаЛигаКупЕвропаДругоВкупноЈувентусСерија А2009–102000000020Сиена (позајмица)Серија Б2010–1118110--191ЈувентусСерија А2011-123130--612012-135020000070Јувентус (вкупно)101500000151Кариера (вкупно)282600000342

Титули Сиена Серија Б (второ место): 2010-2011

Јувентус Турнир Вијареџо : 2009, 2010 Серија А : 2011-2012, 2012-13, 2014-15 Супер Куп на Италија : 2012

Наводи

Надворешни врски Профил на официјалната страница на Јувентус Профил на мрежното место на Серија А Профил на мрежното место на Италијанската фудбалска федерација Профил на мрежното место на УЕФА

Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери во Серија Б Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Сиена Категорија:Фудбалери на Сасуоло Калчо Категорија:Фудбалери на ФК Карпи Категорија:Фудбалери на ФК Верона Категорија:Фудбалери на ФК Бари Категорија:Фудбалери на ФК Кротоне Категорија:Фудбалери на ФК Монца Категорија:Фудбалери на ФК Кремонезе Категорија:Спортисти од Торино Категорија:Живи луѓе