Ромен Барде (; р. ) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата . Барде е познат по своите вештини за качување што го прави еден од главните фаворити за освојување на големите трки.
Досега, негови најголеми успеси биле на домашно тло. Освоил три етапи на Тур де Франс на три различни изданија во периодот 2015-2017. Завршил на подиум двапати, втор во 2016 година и трет во 2017 година. Исто така, ги носел маичките во пласманот за млад возач и ја освоил маичката во планинскиот пласман во 2019 година. Воедно, ја освоил наградата за борбеност на цела трка во 2015 година.
Кариера АГ2Р Ла Мондијал (2012-денес) 2012-2014
мини|лево|Барде на Тур де Франс 2013
Станал професионалец во 2012 година. Се истакнал себеси на Трката околу Турција 2012, особено на третата етапа, која била планинска, каде напаѓал постојано и го зазел петтото место. Исто така завршил и како петти на трката во генералниот пласман.
Следната сезона, Барде настапил првпат на Тур де Франс ја освоил својата прва професионална победа на Тур де л’Ен. Негова следна победа била следната година кога го освоил класикот Ла Дром, што била негова прва победа на еднодневна трка. Барде завршил четврти во генералниот пласман на Волта а Каталуња во 2014 година и возел првпат на Критериум ди Дофине, каде завршил петти на крајот. На Тур де Франс 2014, Барде бил предводник на трката заедно со Жан Кристоф Перо. Барне се искачил до третото место во генералниот пласман на крајот на втората недела и дури имал и кратко водство во белата маичка. И покрај што го загубил подиумот во последната недела, Барде сѐ уште напаѓал на спустовите за да добие некоја секунда повеќе во однос на соперниците. На крајот, Барде завршил шести во генералниот пласман, а неговиот колега Жан Кристоф Перо втор. Тибо Пино () го освоил пласманот за млад возач пред Барде на второто место.
2015
Имајќи одличен пролетен дел од сезоната со шесто место на Лиеж-Бастоњ-Лиеж и деветто на Тур де Романди, Барде од многумина бил сметан како еден од можните освојувачи на место за подиум на Тур де Франс. На неговата последна етапна трка пред Тур, Критериум ди Дофине, Барде заминал во напад на спустот пред последното искачување на петтата етапа. Добил минута на техничкиот спуст, пред да победи сам на целта, 36 секунди пред второпласираниот Тиџеј ван Гардерен. Завршил шести на крајот на трката. На Тур де Франс, Барде изгубил време при накрсните ветрови во Холандија и екипниот хронометар во првата недела.
Кога конечно пристигнале планините, Барде изгубил уште повеќе време и скоро на половина од трката, било јасно дека бил надвор од генералниот пласман. На последниот ден во Пиринеите заминал во бегство и завршил трет на етапата до Плато де Бел. Барде и Тибо Пино биле дел од бегство и воделе до врвот на завршното искачување на четиринаесеттата етапа. Меѓутоа, двоецот бил достигнат и претекнат од Стив Камингс () на краток спуст до целта, при што Барде завршил трет на етапата. На 23 јули 2015 година, по соло бегство, Барде победил на осумнаесеттата етапа. Таа била прва етапна победа за него на Тур де Франс. Следниот ден ја освоил точкестата маичка по првпат, откако завршил петти на деветнаесеттата етапа. Меѓутоа, ја загубил маицата од Крис Фрум на дваесеттата етапа. Барде завршил деветти во генералниот пласман и ја добил наградата за борбеност.
2016
мини|лево|Барде кон победата на деветнаестата етапа на Тур де Франс 2016.
Во февруари 2016 година, Барде постојано го напаѓал Нибали на четвртата етапа на Трката околу Оман и на крајот ја завршил етапата како втор, 9 секунди зад него. Барде го освоил второто место во генералниот пласман на трката, 15 секунди зад Винченцо Нибали.http://www.cyclingnews.com/news/bardet-has-no-regrets-over-tour-of-oman-attack/ Во јуни, Барде нападнал на шестата етапа на Критериум ди Дофине и на крајот завршил втор на етапата откако бил претекнат од Тибо Пино на целта. По шестата етапа, Барде се издигнал на третото место во генералниот пласман, 21 секунда зад предводникот Крис Фрум.http://www.cyclingnews.com/races/criterium-du-dauphine-2016/stage-6/results/ Барде завршил втор во генералниот пласман на Критериум ди Дофине, 12 секунди зад Фрум.http://www.cyclingnews.com/races/criterium-du-dauphine-2016/stage-7/results/
На деветнаесеттата етапа на Тур де Франс 2016, Барде и неговиот колега Микаел Шерел заедно нападнале на влажниот спуст пред претпоследното искачување. Барде побегнал од групата на жолтата маичка на ниските делови на Монблан на 10 километри од целта. Барде го достигнал бегалецот Руј Кошта на 7 километри до целта, го претекнал на најстрмните делови на последното искачување на 3,2 километри до целта и ја освоил етапата со 23 секунди предност пред второпласираниот Хоаким Родригес. Бил прв и единствен Французин кој освоил етапа на Тур де Франс 2016. По победата на етапата 19, Барде се искачил од петтото на второто место во генералниот пласман. На крајот, завршил како втор, 4:05 зад Крис Фрум.http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-19/results/ Така, барде станал само шести Французин кој завршил меѓу најдобрите тројца во генералниот пласман во последните 30 изданија на Тур де Франс.
Барде бил избран како претставник на Франција на Летните олимписки игри 2016 на друмската трка. Завршил на 24. место.
2017
мини|десно|Барде на Тур де Франс 2017
Откако паднал на првата етапа на Париз-Ница, Барде бил исфрлен од трката откако бил влечен од автомобилот на неговата екипа.
Барде ја освоил дванаесеттата етапа на Тур де Франс 2017, со совршено временски одмерено забрзување близу целта, одвојувајќи се на помалку од 500 метри при што ја освоил својата трета етапна победа во три години. Барде се мачел на поединечниот хронометар во должина од 20,5 километри на дваесеттата етапа во Марсеј и завршил дури на 52. место, 2 минути и 3 секунди зад победникот Маќеј Боднар. Поради тоа паднал од второто на третото место во генералниот пласман, со само една секунда предност пред четвртопласираниот Микел Ланда. Барде успеал да ја задржи разликата од една секунда на последната етапа, завршувајќи како трет на Тур, зад Крис Фрум и Ригоберто Уран. Така, Барде завршил меѓу првите тројца во генералниот пласман втора година по ред.
2018
лево|мини|Барде (лево) на подиум на Светското друмско првенство
Барде ја пропуштил Вуелта а Андалусија 2018 откако го повредил десното рамо при пад во домашни услови.http://www.cyclingnews.com/news/bardet-out-for-two-weeks-after-injuring-arm-in-domestic-accident/ Се вратил со победа на Класик Сид-Ардеш во февруари. Во март, Барде возел на еднодневниот класик Страде Бјанке, одржан делумно на патишта од чакал при пороен дожд. Се одвоил со светскиот велокрос првак Ваут ван Ерт и двоецот ја предводел трката во завршните 40 километри пред Тиш Бенот () да нападне, достигнувајќи ги и потоа претекнувајќи ги на завршниот сектор со чакал. Бенот отишол на победа сам со 39 секунди пред Барде, кој го поминал Ван Ерт во завршниот километар. На Лиеж-Бастоњ-Лиеж, Барде завршил трет откако го изгубил спринтот за второто место од Мајкл Вудс. То било прв француски подиум на некој монумент. Кога возел на Критериум ди Дофине, Барде никогаш на нападнал за победа и се нашол меѓу најдобрите тројца последните два дена.
Кога пристигнал на почетокот на Тур де Франс, Барде имал проблематична прва недела со механички проблеми и дупнати гуми. Изгубил време повеќепати во текот на првата недела и бил скоро две минути зад предводникот, кога започнала десеттата етапа. На етапата 12 до Алп д’Иез, Барде нападнал и се одвоил од другите фаворити. Подоцна, бил достигнат од Крис Фрум, Герајнт Томас и Том Димулен, но одлучил да ги испроба соперниците со бројни забрзувања. Ја завршил етапата трет и се искачил на шестото место во генералниот пласман. Откако Барде бил само осми во генералниот пласман пред етапата 19, тој и неколку други фаворити нападнале на Кол ди Турмале на скоро 100 километри од целта. И покрај што бил достигнат на последното искачување, Барде завршил трет на спринтот на целта. Во одлучувачкиот хронометар напредувал до шестото место во генералниот пласман. Во септември, Барде завршил втор на Светското друмско првенство, откако нападнал со Алехандро Валверде (Шпанија) и Мајкл Вудс (Канада). На групата, подоцна, им се приклучил Том Димулен (Холандија) во последните километри. Алехандро Валверде го започнал спринтот на скоро 200 метри до целта, но Барде не можел да го следи ритамот и се задоволил со второто место.
Личен живот
Барде живее во Клермон Феран. Заедно со професионалната велосипедска кариера, Ромен Барде започнал бизнис студии во 2011 година во Гренобл.
Достигнувања
2009 5. Краен пласман Тур де По де Савоја 2010 6. Краен пласман Тур де л’Авенир 8. Краен пласман Тур де По де Савоја 10. Пиколо Џиро ди Ломбардија 2011 2. Краен пласман Тур де По де Савоја 1. Етапа 2 1. Етапа 3 Тур де л’Авенир 1. Етапа 5 4. Краен пласман Копа деле Национи 6. Краен пласман Џиро дел Фриули Венеција Џулија 9. ГП Палио дел Речото 2012 5. Краен пласман Трка околу Турција 2013 1. 20п Краен пласман Тур де л’Ен 1. 20п Бодовен пласман 3. Ле Букл ду Суд Ардеш 4. Краен пласман Рут ду Суд 5. Краен пласман Трка околу Пекинг 1. 20п Пласман за млад возач 7. Краен пласман Етоал де Бесеже 2014 1. Ла Дром Класик 1. 20п Пласман за млад возач Трка околу Оман 2. Тур де л’Ен 4. Краен пласман Волта а Каталуња 4. Класик Суд-Ардеш 5. Краен пласман Критериум ду Дофине 5. Гран при Монтреал 6. Краен пласман Тур де Франс 20п Награда за борбеност на етапа 17 10. Гран при д’Увертир ла Марселеза 10. Париз-Камемберт 10. Лиеж-Бастон-Лиеж 2015 3. Меѓународен друмски велосипедистички предизвик 5. Краен пласман Вуелта а Андалусија 6. Краен пласман Критериум ди Дофине 1. Етапа 5 6. Лиеж-Бастон-Лиеж 7. ГП Монтреал 9. Краен пласман Џиро дел Трентино 9. Краен пласман Тур де Романди 9. Краен пласман Тур де Франс 1. Етапа 18 20п Награда за борбеност на етапа 18 & Краен пласман 2016 2. Краен пласман Тур де Франс 1. Етапа 19 2. Краен пласман Критериум ди Дофине 2. Краен пласман Трка околу Оман 2. Џиро дел’Емилија 4. Џиро ди Ломбардија 5. Класик Сид-Ардеш 6. Краен пласман Џиро дел Трентино 6. Краен пласман Волта а Каталуња 8. Ла Дром Класик 9. Краен пласман Париз-Ница 9. Милано-Торино 2017 3. Краен пласман Тур де Франс 1. Етапа 12 6. Краен пласман Критериум ди Дофине 6. Лиеж-Бастоњ-Лиеж 10. Краен пласман Волта а Каталуња 20п Награда за борбеност на етапа 11 на Вуелта а Еспања 2018 1. Класик Сид-Ардеш 2. 15п Светско друмско првенство 2. Страде Бјанке 2. Тур ди Финистер 2. Џиро ди Тоскана 3. Краен пласман Критериум ди Дофине 3. Лиеж-Бастоњ-Лиеж 6. Краен пласман Тур де Франс 6. Џиро дел’Емилија 8. Краен пласман Трка околу Германија 8. Ла Дром Класик 8. Гран при д’Увертир ла Марсејез 9. Флеш Валон 2019 1. 20п Планински пласман Тур де Франс 2. Краен пласман Тур ди О Вар 2. Предизвик Мон Венту Денивле 4. Класик Сид Ардеш 5. Краен пласман Париз-Ница 7. Ла Дром Класик 9. Амстел Голд Рејс 10. Краен пласман Критериум ди Дофине
Распоред на резултатите
Распоред на резултатите на големите трки Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро — — — — — — — — 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур — 1569236 15 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта — — — — — 17 — —Распоред на резултатите на поголемите етапни трки Трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 Париз-Ница — 27 36 149 ДСК —5 Тирено-Адријатико — — — — — — 13 — Волта а Каталуња 40 534 СО610 — СО Трка околу Баскија — — — — — — 13 — Тур де Романди — — —9 27 — — — Критериум ди Дофине — —5626310 Тур де Свис — — — — — — — —
СО = се откажал; — = не учествувал; ДСК = дисквалификуван
Распоред на резултатите на монументите
Монумент20122013201420152016201720182019Милано-Санремо — 17 — — — — — 50Трка околу Фландрија colspan=8 rowspan=2 Париз-РубеЛиеж-Бастоњ-Лиеж — 13106 1363 21Џиро ди Ломбардија 29 — 11 174 — — —
Распоред на резултатите на првенствата