Стефен Иверсен (роден на 10 ноември 1976 година) — норвешки поранешен фудбалер, напаѓач. Тој е син на поранешниот норвешки репрезентативец, Од Иверсен, еден од најдобрите стрелци на Норвешка на сите времиња.

Иверсен ја започнал својата кариера дебитирајќи на 18-години во дресот на Розенборг каде што тој освоил две последователни титули во норвешкото првенство. Тој се преселил во Тотенхем во декември 1996, каде што постигна 64 гола во седум сезони, и го освоил Лига купот. По краток престој во Вулверхемптон, тој се вратил назад во неговата родна Норвешка каде што поминал две години во Волеренга и бил главен фактор кој придонел за првата лигашка титула на тимот по 21 година. Во 2006 година тој се преселил во Розенборг, клубот во кој ја започнал својата професионална кариера. Откако освоил уште три титули со Розенборг во 2010 година, Иверсен отишол во Кристал Палас каде поминал 13 месеци, пред да потпише за Розенборг по третпат во февруари 2012 година.

Иверсен одиграл 79 натпревари за норвешката репрезентација, и постигнал 21 гол. Тој го постигнал единствениот гол за Норвешка на Европските првенства во историјата на оваа репрезентација, правејќи го тоа во победата над Шпанија во првиот натпревар од групната фаза на Европското првенство 2000.

Титули Розенборг Премиер лига на Норвешка : 5 1995, 1996, 2006, 2009, 2010 Куп на Норвешка : 1 2008

Тотенхем Лига куп : 1 1999

Волеренга Премиер лига на Норвешка : 1 2005

Надворешни врски

Стефен Иверсен на soccerway Стефен Иверсен на transfermarkt Стефен Иверсен на eurosport Стефен Иверсен на espn

Категорија:Фудбалери на ФК Розенборг Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Фудбалери на ФК Кристал Палас Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Норвешки фудбалери Категорија:Родени во 1976 година