Минхен () — главен град на германската покраина Баварија. Градот лежи на реката Изар, северно од Баварските Алпи. Минхен е третиот најголем град во Германија по Берлин и Хамбург и има околу 1,35 милиони жители. Минхен бил домаќин на Летните олимписки игри во 1972.
Геслото на градот е München mag Dich („Минхен те сака“). До 2006 г. беше „Светски град со срце“. Неговото име München потекнува од старогерманскиот збор Munichen, што во превод на македонски значи монаси. Името на градот потекнува од монасите во Бенедиктанскиот ред, кои и го основале градот; тоа е и причината поради која на грбот на Минхен има монах. Црно и злато се боите на Светото Римско Царство и тие се и официјалните бои на градот уште од времето на кралот Лудвиг IV.
Меѓутоа Минхен не е единственото место во Баварија со името München. Постојат три такви места: едната е самиот Минхен, втората североисточно од градот Нирнберг, и исто така Хутурм, град северно од Пасау.
Современиот Минхен е финансиски и издавачки центар и често е рангиран за најдобро одредиште за миграција и иселеничко место за живеење. Минхен го постигна 7-мото место во често цитираната ранг-листа за најдобар квалитет на живот Мерсер во 2010. За економски и социјални иновации, градот беше рангиран 15-ти на глобално ниво од 289 градови во 2010 и 5-ти во Германија. Во 2010, Минхен беше рангиран како 5-ти најдобар град за живеење од Монокл.
Географија
thumb|250px|Минхен: Поглед од Англиската градина Минхен лежи на висорамнините во Горна Баварија, околу 50 км северно од северната граница на Алпите, на надморска височина од 520 м. Реките кои течат во Минхен се Изар и Вирм. Минхен се наоѓа кај северниот Алпски ’рт. Северниот дел од ова песочно блато вклучува особено плоден дел, кој повеќе не е засегнат од процесот на набирање кој постоел на Алпите, додека јужниот дел е покриен со покриен со морени. Помеѓу овие подрачја се наоѓаат полиња на леднички води, како што е околината на Минхен. Секаде каде што овие депозити се потенки, подземните води може да продрат до површината и да настанат поплави, што доведува до појава на мочуришта, како што се во северниот дел на Минхен.
Клима
Во Минхен владее континентална клима, значително изменета поради близината на Алпите. Надморската височина и близината на Алпите придонесуваат за доста чести врнежи. Поројните врнежи често доаѓаат наеднаш и неочекувано. Разликите помеѓу дневните и ноќните температури во зима и лето можат да бидат екстремни. Топлиот ветер кој дува од Аплите (фен), може целосно да ги промени температурите за неколку часа, дури и во зима.
Зимата трае од декември до март. Зимите во Минхен се доста студени, но силните врнежи се ретка појава. Најстудениот месец е јануари со просечна температура од -2,2 °C (28 °F). Снежната покривка трае неколку недели во текот на зимата. Летата во Минхен се благи и топли, најтоплиот месец во годината, јули, e со просечна температура од 23 °C (73 °F). Летото трае од мај до септември.
Население и демографија
thumb|200px|Минхен: Свети Лукас и реката Изар Во јули 2007 година, Минхен имал 1,34 милиони жители, 300.129 од нив немаат германско државјанство. Градот има големи турски и балкански заедници. Најголемата група на странски националности се Турците (43.309), Албанците (30.385), Хрватите (24.866), Србите (24.439), Грците (22.486), Австријците (21.411) и Италијанците (20.847). 37% од странските националности доаѓаат од ЕУ.
Со само 24.000 жители во 1700 г., бројот на населението речиси се дуплирало секои 30 години. На пример, Минхен имал 100.000 жители во 1852 г. а потоа 250.000 во 1883 г. До 1901 г. бројот се зголемил на 500.000. Оттогаш Минхен е третиот најголем град во Германија. Во 1933 г. на пописот се избројани 840.901 жител, а во 1957 г. Минхен ја надмина бојката од еден милион.
47,4% од жителите на Минхен не се поврзани со некоја религиозна група и оваа група претставува најбрзо растечки сегмент од населението. Како и во остатокот на Германија, Католичката и протестантските цркви имаат континуирано бавно опаѓање на членството. На 31 декември 2009, 37,8% од жителите на градот биле римокатолици, 13,8% биле протестанти и 0,3% Евреи. Исто така, има и мала парохија на Старите католици и на Епископската црква. Исто така, има и значителен број на муслимани, кои живеат во Минхен, во најголем број сочинети од имигрантите.
Историја
thumb|left|200px|Грбот на Минхен
Почеток и средновековие
Годината 1158 се смета како година кога е основан Минхен, но и како најраната година кога Минхен како град е споменат во документ. Документот е потпишан во Аугсбург.stmf.bayern.de (германски) Во тоа време Хенрик Лавот, Војводата на Саксонија и Баварија, изградил мост преку реката Изар, веднаш до населбата на Бенедиктинските монаси. Таму се протегал и патот за транспорт на солта и мостот служел за собирање даноци.
Речиси две децении подоцна во 1175 година Минхен официјално добил статус на град и е утврден со крепост. Во 1180, со судењето на Хенри Лавот, Отон I станува војвода на Баварија и Минхен преминал во рацете на бискупот на Фрајзинг. Наследниците на Ото, династијата Вителсбах ќе управуваат со Баварија до 1918 г. Во 1240, самиот Минхен бил предаден на управување на Отон II, а во 1255 год, кога Војводството Баварија се поделило на два дела, Минхен станал резиденцијата на војводата на Горна Баварија.
Војводата Лудвиг IV бил избран како германски крал во 1314 г. и крунисан како цар на Светото Римско Царство во 1328. Со поддршка на монополот околу солта, што му носи и дополнителен приход, тој ја зајакнува местоположбата на градот. Во доцниот XV век во Минхен заживува готиката старата општина е проширена, и најголемата готска црква, денес катедралата, Богородичната црква (Фрауенкирхе) — изградена само за две децении, почнувајќи во 1468.
Главниот град на обединета Баварија
thumb|left|Мариенплац, Минхен околу 1650 г. thumb|right|Знамиња со боите на Баварија (десно) и на Минхен (лево), во позадина катедралата Богородичната црква (Фрауенкирхе).
Кога Баварија во 1506 г. повторно се обединува, Минхен станува главен град на Баварија. Уметноста и политиката се под особено влијание на кралскиот двор (види Орландо ди Ласо, Хенрих Шиц, а подоцна и Моцарт и Рихард Вагнер). Во XVI век Минхен бил центар на германската контрареформација како и на ренесансната уметност. По наредба на војводата Вилхелм V е изградена језуитската црква Св. Михаил (Michaelskirche), која подоцна станува центар на контра реформацијата. Тој исто така ја гради и пиварата „Hofbräuhaus“, која во 1589 г. произведува темно пиво. Католичката лига е основана во Минхен во 1609 г. За време на Триесет годишната војна во 1623 г. Минхен станува избирачко седиште, кога Максимилијан I, војводата на Баварија се здобил со власт со изгласувањено, но во 1632 градот бил окупиран од Густав II Адолф од Шведска. Една третина од населението умира во 1634 и 1635 г. кога градот го зафаќа бубонска чума. Под управа на баварските изборници Минхен бил важен центар во времето на барокот, кој секако страдал под окупацијата на Хабсбурзите во 1704 год и 1742 г.
Во 1806 г. градот станал престолнина на новото Кралство Баварија, со покраински парламент (Landtag) и новата Мингенско-фрајзиншка архиепископија, која се наоѓа во градот. Дваесет години подоцна покраинскиот универзитет Лудвиг Максимилијан се сели во Минхен. Поголемиот дел од префинетата архитектура на Минхен е овој период и е изградена во времето на првите три баварски кралеви. Подоцна годините на принцот-регент Леополд се забележани како години на силна уметничка и културна активност во Минхен. (како Франц вон Штук и Синиот јавач)
Прва и Втора светска војна
Со избувнувањето на Првата светска војна во 1914 година, животот во Минхен станува сосема тежок, откако Сојузниците блокирале секаков пристап до храна и гориво во Германија. За време на француските воздушни напади во 1916 г. три бомби паднале врз Минхен. По Првата светска војна градот е центар на политички немири. Во ноември 1918 г., ноќта спроти револуцијата Лудвиг III со својата фамилија го напуштил градот. По убиството на првиот републикански премиер на Баварија Курт Ајснер во февруари 1919 г. од страна на Антон Граф фон Арко на Вали, прогласена е Баварската Советска Република. Кога комунистите ја презеле власта, Ленин, кој живеел во Минхен неколку години претходно, испратил телеграма со честитка, но набрзо Советската република била симната од власт на 3 мај 1919 година од страна на Слободниот корпус (Фрајкорите). Додека републиканската власт повторно била обновена, Минхен полека станува седиште на десно ориентираната политика, Адолф Хитлер и националсоцијализмот го доживуваат својот процут.
Во 1923 г. Хитлер и неговите приврзаници, кои во тоа време биле најбројни во Минхен, извршиле државен удар „Хитлер-пуч“ (германски: Hitlerputsch или Hitler-Ludendorff-Putsch), во обид да ја соборат Вајмарската Република и да ја освојат власта. Овој обид бил неуспешен и резултирал со апсење на Хитлер, времено онеспособување на Нацистичката партија, која во суштина и не била позната надвор од Минхен.
Минхен уште еднаш ќе стане упориште на нацистите, кога националсоцијалистите ќе ја преземат власта во Германија во 1933 година. Националсоцијалистичка германска работничка партија (Nationalsozialistische Deutsche Arbeiterpartei НСДАП) прво го создава концентрациониот логор во Дахау, 16 км северозападно од градот. Поради важноста да се зголеми свеста за националсоцијализмот, Минхен е сметан за главен град на Движењето (Hauptstadt der Bewegung). Седиштата на НСДАП биле во Минхен и повеќето административни згради (Führerbauten) биле изградени во близината на плоштадот Кенигсплац (Königsplatz). Некои од нив се зачувани и до денес.
Градот е познат и како место на кулминацијата на политиката на попуштање водена од страна на Велика Британија и Франција, кој довел до Втората светска војна. Така, во Минхен британскиот премиер Невил Чемберлен го прифатил анектирањето на чехословачкиот Судетски регион кон Голема Германија со надеж дека ќе запрат желбите на Хитлеровиот Трет Рајх.
Минхен бил база и на движењето „Бела роза“, група на студенти која организирала движење на отпор во периодот од јуни 1942 год до февруари 1943 г. Најактивните членови биле уапсени и изведени пред суд, поради пуштање на летоци во универзитетот „Лудвиг Максимилијан“. Тоа биле Ханс и Софи Шол.
Градот бил особено оштетен од страна на сојузничките бомбардирања за време на Втората светска војна — околу 71 воздушен напад се изведени во период од 6 години.
Повоен Минхен По американската окупација во 1945, Минхен е целосно обновен следејки прецизен - и во споредба со останатите опустошени градови во Западна Германија - доста конзервативен план, којшто го врати на градот стариот изглед, кој градот го имал од пред Војната. Во 1957 година Минхен брои над 1 милион жители.
Во 1972 година Минхен е домаќин на Летните олимписки игри, при што израелски атлетичари биле убиени од палестински терористи во масакрот во Минхен, кога одделни членови на терористичката група „Црн септември“ како заложници замале членови на израелскиот олимписки тим.
thumb|Светот на BMW