Милхаузен (службено Милхаузен/Тирингија; ) или Mühlhausen/Thüringen; од 1975 до 1991 година познат како Милхаузен Томас-Минцер-Штат) — град во округот Унштрут-Хајних, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Претставува административно седиште на округот Унштрут-Хајних и е сместен на реката Унштрут.
Географија Местоположба
Милхаузен се наоѓа во географското средиште на Германија, кое се наоѓа во северозападниот дел на Тириншката Котлина. Градското подрачје се граничи на запад со Хајних и на север со Оберајхсфелд.
Соседни општини
Соседни општини се Ментерода на север, градот Нотертал-Хајлингер Хеен и Кернер на исток, Унштрут-Хајних и Фогтај на југ, Родеберг на запад, како и Анроде и Унштрутал на северозапад.
Градски единици
Градот се состои од следниве места:Eingliederungsvertrag Weinbergen. ID-Nr. 423739. In: muehlhausen.de, 12. März 2018 (PDF; 109 kB).
Милхаузен/Тирингија Болштет, од 1 јануари 2019 г. Фелхта, од 30 јуни 1994 г. Гермар, од 30 јуни 1994 г. Грабе, од 1 јануари 2019 г. Хенгеда, од 1 јануари 2019 г. Залфелд, од 8 март 1994 г. Зебах, од 1 јануари 2019 г. Виндеберг, од 1 јуни 1992 г.
Историја
Милхаузен бил утврден во 925, а првпат е документиран во 967 како отонско село. Неговата рана важност се гледа по користите кои ги добил од кралот Хајнрих Птичарот (876–936) и од царското собрание одржано тука во 1135. Неговиот период на слава бил од 13 до 15 век.
Во текот на реформацијата, Милхаузен станал едно од главните седишта на Анабаптистите. Радикалниот реформатор Томас Минцер проповедал во Црквата Света Богородица во 1525, а подоцна бил заробен во близина на градот и погубен во градот.
Јохан Себастијан Бах бил оргулар во црквата Диви Бласи од 1707-1708.Christoph Wolff, et al. "Bach." Grove Music Online. Oxford Music Online. 19 мај 2010 <>. Помеѓу делата кои Бах ги компонирал додека живеел во градот е празничната кантата Gott ist mein König за изборот на новиот совет во 1708.
Внатрешните борби и оштетувањата во текот на Триесетгодишната (1618–1648) и Седумгодишната војна (1756–1763) ја намалиле важноста на Милхаузен. Во 1802 ја загубил независноста и преминал во посед на Прусија. Во 1807 бил припоен на Кралството Вестфалија, но во 1815 повторно станал дел од пруската покраина Саксонија.
Од 1944 до март 1945 се наоѓал женски камп за принудна работа надвор од градот (дел од кампот Бухенвалд). Жените биле депортирани во април 1945 во Берген Белзен.
Главни знаменитости
Историските градски ѕидини Градски архив 11 цркви Национален парк Хајних
Политика Градски совет
мини|300п|десно|Градското собрание
Советот на градот Милхаузен се состои од 36 избрани членови и градоначалникот. На локалните избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:Gemeinderatswahl 2019 in Hildburghausen In: wahlen.thueringen.de,
CDU 7 места (2014: 7) Граѓанска листа за Милхаузен 7 места (8) SPD 6 места (10) AfD 5 места (−) Левица 4 места (7) Зелени 3 места (2) FWG 3 места (−) FDP 1 место (2)
Градоначалник
Градоначалникот Јоханес Брунс (SPD) бил избран во првиот круг на 22 април 2012 година со 53,3% од гласовите. Во април 2018 година бил повторно избран со 62,7%.
Збратимени градови
Милхаузен е збратимен со следниве градови:
Туркоан, Франција (1961) Ешвеге, Германија (1989) Минстер, Германија (1990) Кронштат, Русија (1995) Саксонбург, САД (2008)
Познати луѓе
Јоаким фон Бурк (1546-1610), композитор Џон (Јохан) А. Ецлер, автор, социјалистички теоретичар Гинтер Фром (1926–1994), автор Адолф Метфесел (1807–1878), композитор Ернст Метфесел (1811–1886), композитор Џон (Јохан) Август Реблинг (1806–1869), градежен инженер Фридрих Август Штилер, архитект
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница Страница на округот Национален парк Хајних Туризам Тирингија
Категорија:Слободни царски градови Категорија:Унштрут-Хајних Категорија:Ханза Категорија:Саксонија (пруска покраина)