Зоран "Бата" Мирковиќ (роден на 21 септември 1971 година, во Белград) — југословенски и српски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од одбраната.

Биографија Оженет е со Санела Шаулиќ, ќерката на пејачот Шабан Шаулиќ.

Клупска кариера Мирковиќ играл фудбал за екипата на Раднички Свилајнац во сезоната 1989-1990, додека во истовреме го служел воениот рок. Своето прво појавување во професионалниот фудбал го имал играјќи за Рад во текот на сезоната 1990-1991, правејќи го своето деби во натпреварот загубен од Пролетер Зрењанин. Мирковиќ поминал три сезони во дресот на Рад како професионален играч, и одиграл вкупно 62 натпревари (пет во сезоната 1990-1991, 26 во сезоната 1991-1992 и 31 во сезоната 1992-1993), постигнувајќи еден гол. Неговиот талент неостанал незабележан од страна на челните луѓе на Партизан кој го поканиле да дојде во клубот и да го брани дресот со црно-белата боја.

Мирковиќ секогаш ги опишувал трите години поминати во Партизан како најубавите години во неговата кариера и вели дека Партизан е клубот кој го сака најмногу. Во овие три години се утврдил како играч, станал прв избор во југословенската репрезентација и освоил три титули (две во Првата лига на СР Југославија во сезоните 1993-1994 и 1994-1995 и една во Купот на СР Југославија 1993-1994). Познат бил и по дресот со број 2 кој го носел за време на овој период. Тој станал херој на навивачите на Партизан, бидејќи бил голем борец на теренот особено во натпреварите против големиот соперник Црвена Ѕвезда. Тој одиграл 82 натпревари во дресот на Партизан (26 во сезоната 1993-1994, 29 во сезоната 1994-1995 и 27 во сезоната 1995-1996), постигнувајќи еден гол.

Во 1996 година Мирковиќ се преселил во Италија, каде потпишал за Аталанта. Во својот прв натпревар во Серија А со клубот од Бергамо, тој се повредил и бил принуден да паузира три месеци. По две сезони во Аталанта, во кои се истакнал пред се со својата разноврсност играјќи и во одбраната и во средниот ред, тој станал интересен за тренерот на Јувентус, Марчело Липи, кој го поканил да му се приклучи на клубот. Тој, бил многу популарен меѓу навивачите на Аталанта, кога клубот сакал да го продаде на Фјорентина, тој изјавил дека „не може туку-така да ја напушти Аталанта“.

Во летото 1998, Мирковиќ потпишал за Јувентус. Кариера на Мирковиќ во гигантот од Торино може да се подели на два различни временски периоди: под водство на тренерот Липи, популарниот „Бата“ одиграл 19 натпревари во Серија А, постигнувајќи еден гол. Тој, исто така, играл натпревари и од Лигата на шампионите. Меѓутоа, кога Карло Анчелоти ја презел функцијата во пролетта 1999 година, Мирковиќ веќе не бил прв избор во Јувентус, и играл претежно само натпревари од Купот на Италија.

Во летото 2000 година, Мирковиќ потпишал три-годишен договор со Фенербахче. Тоа се покажало како многу паметна одлука. Во неговата прва сезона во Истанбул, тој го освоил насловот во турското првенство и бил финалист во Купот на Турција. Во својата втора сезона во Турција, играл во Лигата на шампионите и го освоил второто место во турската лига. Неговата трета сезона во Фенербахче не била толку успешна: трите тренери и проблемите во клубот предизвикале Фенербахче да заврши дури на шесттото место.

Подоцна, во јануари 2004 година, по шестомесечна пауза од фудбалот, Мирковиќ се вратил во Партизан, потпишувајќи со клубот договор на две и пол години. На 6 март 2006 година, го најавил своето пензионирање на возраст од 34 години поради периодични проблеми со повредата на грбот.

Репрезентативна кариера Мирковиќ го носел дресот на репрезентациите на СР Југославија и Србија и Црна Гора во периодот 1995-2003, забележувајќи вкупно 59 сениорски репрезентативни настапи за својата земја (54 за СР Југославија и 5 за Србија и Црна Гора).

Тој ја претставувал СР Југославија на Светското првенство 1998 во Франција, но го пропуштил Европското првенство 2000 поради суспензија од три натпревари која ја заработил заради инцидентот кој се случил во последниот натпревар од квалификациите, игран против Хрватска во Загреб, кога го удрил Роберт Јарни по тестисите по што добил директен црвен картон.https://www.youtube.com/watch?v=tb4b_ugKtg4&feature=player_embedded

СР Југославија

Србија и Црна Гора

Тренерска кариера По завршувањето на бил поставен од Фудбалскиот сојуз на Србија за директор на сите репрезентации на Србија, но после само неколку месеци тој поднел оставка од фунцијата заради несогласувања со луѓето од сојузот.

Во меѓувреме тој се стекнал со тренерска лиценца, а во јуни 2015 година го имал својот прв ангажман откако бил назначен за тренер на екипата на Синѓелиќ од Белград, кој се натпреварувал во Првата лига на Србија, и на клупата на овој тим останал до декември истата година. Во 16 натпревари во кои го предводел клубот од клупата во првиот дел од сезоната, Синѓелиќ забележал шест победи и по пет порази и ремија.

Во февруари 2016, тој се приклучил во тренерскиот на репрезентацијата на Црна Гора, како помошник на селекторот Љубиша Тумбаковиќ.

На 5. августа 2018 година, Мирковиќ бил назначен за тренер на Партизана. Своето деби на клупата на клубот чиј дрес го носел како фудбалер, го имал на гостувањето кај Норшелан во квалификациите за Лига Европа, славејќи победа со 2-1. Откако Партизан бил подобар и во реваншот со 3-2, клубот се пласирал во плејоф рундата. Сепак, таму се сретнале со турскиот клуб Бешикташ, који бил пресилен за белградските црно-бели. Во Суперлигата на Србија, Партизан под водството на Мирковиќ не бил поразен се до 6 март 2019, кога на стадионот на Партизан, гостувал Раднички Ниш кој победил со 0-1. Во следното коло, Партизан со истиот резултат бил поразен и на гостувањето кај Вождовац, по што Мирковиќ поднел оставка. Иако Мирковиќ со Партизан имал само два порази во првенството, имал и дури осум нерешени резултати па во моментот на неговата оставка, клубот се наоѓал тек на третото место на првенствената табела, со 21 бод заостаток зад лидерот Црвена ѕвезда. Вкупно, Мирковиќ го водел Партизан во 29 натпревари во сите натпреварувања и забележал 17 победи, девет ремија и три порази.

Титули Партизан Првенство на СР Југославија : 3 1993–1994, 1995–1996, 2004-2005 Куп на СР Југославија : 1 1994

Јувентус Интертото куп : 1 1999

Фенербахче Супер лига : 1 2000-2001

Наводи

Надворешни врски

Зоран Мирковиќ на transfermarkt Зоран Мирковиќ на tuttocalciatori Зоран Мирковиќ на worldfootball Зоран Мирковиќ на whoscored

Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Фенербахче Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1971 година