Anthrax (се чита: Антракс) - американска треш-метал-група од Њујорк. Групата била основана во 1981 година по иницијатива на гитаристите Скот Јан и Дени Лилкер, а оттогаш имаат издадено единаесет студиски албуми и преку 26 синглови. Биле едни од најпопуларните треш метал групи од доцните 80-ти, а често се вбројуваат во Големата четворка на треш сцената, заедно со Металика, Мегадет и Слеер. Официјалните податоци говорат дека во САД имаат продадено 3 милиони примероци од своите студиски изданија, додека во светот таа бројка е 15 милиони.

Од првата постава на бендот останале само членовите Скот Јан, Чарли Бенанте и Френк Бело, кои воедно се појавуваат на секој студиски албум. Низ годините бендот имал двајца пејачи, и тоа Џои Беладона и Џони Буш. Од поранешните членови, значаен е придонесот на гитаристот Ден Спиц, кој учествувал во снимањето на шест албуми на Антракс. Последен албум на составот е For All Kings, кој бил издаден во 2016 година.

Членови на групата Сегашни членови Скот Ијан – ритам-гитара, пратечки вокал (1981–денес), главна гитара, водечки вокал (1981) Чарли Бенанте – тапани (1983–денес) Френк Бело – бас, придружен вокал (1984–2004, 2005–денес) Џои Беладона – главен вокал (1984–1992, 2005–2007, 2010–денес) Џон Донаис – главна гитара, придружен вокал (2013–денес)

Дискографија Студиски албуми

Fistful of Metal (1984) Spreading the Disease (1985) Among the Living (1987) State of Euphoria (1988) Persistence of Time (1990) Sound of White Noise (1993) Stomp 442 (1995) Volume 8: The Threat Is Real (1998) We've Come for You All (2003) Worship Music (2011) For All Kings (2016)

Наводи

Надворешни врски

YouTube каналот на Anthrax Anthrax на Encyclopaedia Metallum

Категорија:Треш метал музички групи Категорија:Спид метал музички групи Категорија:Американски хеви метал музички групи Категорија:Музички групи основани во 1981 година Категорија:Музички групи од Њујорк Категорија:Американски квинтети