Западноафриканско време или WAT (од англ. West Africa Time) е часовен појас што се користи во западнио-централниот дел на Африка (но не во земјите западно од Бенин, кои користат UTC). Појасот е еден час понапред од координираното универзално време (UTC+01), што значи исто како средноевропското време. Тука не спаѓаат највеќето земји во регионот Западна Африка, бидејќи тие користат UTC.

Бидејќи најголемиот дел на појасот лежи во екваторското подрачје, разликите во траењето на денот во текот на годината се занемарливи, па затоа не се практикува летно сметање на времето. Исклучок од ова се ЛибијаЛибија го смени часовниот појас - Time and Date, 10 ноември 2012 и Намибија, кои практикуваат западноафриканско летно време (WAST, UTC+02) во летните месеци (од крајот на март до крајот на октомври во Либија и од почетокот на септември до почетокот на април во Намибија).

Западноафриканското време се применува во следниве земји:

(западно)

Поврзано Западна Африка

Наводи

Категорија:Часовни појаси Категорија:Географија на Африка