300px|мини|Плоча со Линеарно писмо Б, со натпис на микенски. Археолошки музеј на МикенаМикенски јазик — најстариот докажан облик на грчкиот јазик, кој се зборувал на грчкото копно и на Крит од XVI до XI п.н.е., пред дорската инвазија. Јазикот е зачуван во записи во линеарното писмо Б, писмо измислено на Крит пред XIV век п.н.е.. Највеќето примери за ова писмо се наоѓаат на глинени таблици во Кносос и Пилос. Јазикот го носи името по Микена, првата пронајдена палата.
Таблиците долго време никој не можел да ги дешифрира, сè до дефинитивниот успех на Мајкл Вентрис во 1952 кога тој успешно покажал дека тоа бил ран облик на грчкиот јазик.
Текстовите на таблиците се главно пописни листи. на тој јазик нема зачувано никаква проза, приказни, поезија или митологија. Но сепак, од нив можеме да заклучиме многу за луѓето кои ги напишале, и за Микенскиот период воочи т.н. Грчко Темно доба.
Фонологија и правопис thumb|250px|лево|Карта на Грција во Бронзеното доба по описот во Хомеровата Илијада
Микенскиот јазик е зачуван во облик на писанија во линеарното писмо Б, и се состои од 200 слоговни знаци и логограми. Бидејќи линеарното писмо Б се развило од линеарното писмо А, писмото на недешифрираниот минојски кој не бил воопшто сроден со грчкиот, тоа наполно не ја рефлектира микенската фонетика: согласните грстови мораат да се разложуваат правописно, и буквите р и л не се сѐ уште правилно подвоени, нити пак имаме подвојување за грчките фонолошки категории гласовни/безгласовни (освен денталите д, т) и аспирираните/неаспирираните; крајносложните л, м, н, р, с се испуштени.
Писмото разликува пет самогласки, а, е, и, о, у, полусамогласките w (кратко у) и ј, трите звучни букви, м, н, р и седум затворени букви, д, к, п, q (ку), с, т, з (сосе , и , гласови кои подоцна станале грчко ζ).
Така *крусос, „злато“ се пишувало со слоговните знаци 𐀓𐀬𐀰 ку-ру-со, *гвоус, „крава“ со знаците 𐀦𐀄 куо-у и *калкос „бронза“ до 𐀏𐀒 ка-ко.
Микенскиот грчки јазик се одликува со некои од архаичните караткеристики на индоевропскиот јазик, како усненозаднонепчена согласки кои се промениле по звук во зависност од контекстот со времето кога алфабетското грчко писмо почнало да се употребува неколку стотини години подоцна.
Корпус Главна статија: Корпус на Линеарното писмо Б Корпусот на микенските записи се состои од околу 6000 таблици и керамички фрагменти запишани со линеарното писмо Б, од LMII до LHIIIB. Сè уште не се пронајдени преводи на ова писмо или пак споменици напишани на него.
Доколку е вистинско, Кафканиското камче кое датира од XVII век п.н.е., е најстариот микенски напис, и така најраното зачувано сведоштво за грчкиот јазик.
Извори
Ventris, Michael, "Evidence for Greek dialect in the Mycenaean archives", in Journal of Hellenic Studies, LXXVII (1953), pp 84ff.
Надворешни врски
Jeremy B. Rutter, "Bibliography: The Linear B Tablets and Mycenaean Social, Political, and Economic Organization" The writing of the Mycenaeans Program in Aegean Scripts and Prehistory (PASP)
Категорија:Хеленски јазици и дијалекти Категорија:Егејска цивилизација