Математичката анализа — една од најбитните гранки на математиката, разработува неколку неразделно сврзани делови на математиката како теоријата на полиња, теоријата на низи и теоријата на функции. мини|uptight=1.2|Чуден атрактор кој произлегува од диференцијални равенки. Диференцијалните равенки се важна област на математичката анализа со голема примена во науките и инженерството. Математичката анализа е своевиден почеток на вишата математика, па затоа честопати се сретнува токму под тоа име. Како и да е, самата анализа не е хомогена и единствена туку има повеќе свои дисциплини. Така (условно) и анализата може да се подели на нижа или елементарна анализа и виша или неелементарна анализа. Елементарната анализа главно се занимава со својствата и формите во еднодимензионални полиња (едно и дводимензионални пресликувања, бројни и функционални низи и редови и сл.), додека неелементарната со формите и својствата на повеќедимензионалните полиња. Основните дисциплини на анализата се:

Теорија на полиња Теорија на низите Теорија на пресликувања (функции) Диференцијално сметање Интегрално сметање Теорија на редовите Теорија на мерата

Според полето над кое се изведуваат сите процеси и операции анализата може да биде реална анализа (ако е ограничена над полето од реални броеви) или комплексна анализа (ако процесите и операциите се извршуваат над полето комплексни броеви).

Поврзано Виша математичка анализа