Маќеј Патерски (; р. ) — полски професионален друмски велосипедист, кој вози за континенталната екипа .

Кариера

Патерски го напуштил на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на за сезоната 2014. Имал прилично успешна сезона 2014, победувајќи на Трката околу Норвешка и освојувајќи го планинскиот пласман на домашната Трка околу Полска. Подоцна во сезоната, победил и на Меморијал Хенрик Ласак. Сезоната 2015 ја започнал во добра форма, завршувајќи на шестото место на Вуелта а Мурсија и победа на првата етапа на Волта а Каталуња. На крајот на април, Патерски преовладувал на новата Трка околу Хрватска, каде го освоил крајниот пласман, бодовниот и планинскиот пласман, како и две етапи. Во август го освоил планинскиот пласман на Трката околу Полска 2015 втора година по ред. Сезоната 2016 се покажала послаба за Патерски со само дна победа, шестата етапа на трката Балтик-Карконоше, каде завршил на второто место. Друг успех бил и шестото место на трката од Светската турнеја, ГП Западна Франција. Сезоната 2017 била поуспешна за Патерски и победи на трката Малополска, Шлакјем и Куп Карпати.

Достигнувања

2007 2. ГП Брадло 2008 1. Етапа 5 Џиро деле Реџони 3. Џорни Маркиџана 6. Трофео Чита ди Сан Вендемијано 9. Ла Кот Пикард 2009 2. Копа Сан Џео 5. Трофео Франко Балестра 5. Трофео Алчиде Дегаспери 6. Трофео Зсшди 2010 75. Краен пласман Вуелта а Еспања 2011 3. Национално друмско првенство 4. Џиро дел Фриули 5. Копа Берноки 2013 3. Гран Премио Индустрија е Комерчо ди Прато 2014 1. 20п Краен пласман Трка околу Норвешка 1. Меморијал Хенрика Ласака 9. Волта Лимбург Класик 1. 25п|Виолетова маичка Планински пласман Трка околу Полска 2015 1. Етапа 1 Волта а Каталуња 1. 20п Краен пласман Трка околу Хрватска 1. 20п Бодовен пласман 1. 20п Планински пласман 1. Етапа 3 1. Етапа 5 Трка околу Полска 1. 20п Планински пласман 2. Класик Волта Лимбург 6. Вуелта а Мурсија 8. Копа Уго Агостони 9. Брабантсе Пејл 9. Амстел Голд Рејс 10. Велотон Стокхолм 2016 2. Краен пласман Трка Балтик-Карконоше 1. Етапа 6 6. ГП Западна Франција 2017 1. 20п Краен пласман Трка Малополска 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. 20п Краен пласман Шлакјем 1. Етапа 1 1. Куп Карпати 7. Класика де Алмерија 2018 1. 20п Национално ридско првенство 1. Рајфајзен Гран при 1. Куп Минск 1. Куп Карпати Вишеградска велосипедска трка 1. Гран при Полска 1. ГП Словачка 2. ГП Чешка 1. Етапа 1 Трка Малополска 2. Краен пласман Околу Јужна Чешка 1. 20п Бодовен пласман 2. Краен пласман Солидарна трка 8. Гран при Минск 8. Гран при Долина Барич Милич 9. Краен пласман Шлакјем 2019 1. 20п Краен пласман Шлакјем 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2b 1. Етапа 3 1. Рајфајзен Гран при 1. Етапа 3 Сиркут де Арден 2. Краен пласман Шлакјем Гродув Пјастовскич 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 1. Етапа 3 2. Гран при Полска 2. Меморијал Анджеј Трохановски 4. Меморијан Роман Сјемињски 5. Краен пласман Трка околу Естонија 5. Краен пласман Тур ди Лоат е Шер 2020 1. 20п Пласман на активен возач Трка околу Полска 7. Европско друмско првенство

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Полски велосипедисти