Вајсензе ()) — мал град во округот Земерда, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 6 километри северозападно од окружниот град Земерда и 35 километри северно од покраинскиот главен град Ерфурт.
Географија Местоположба
Вајсензе се наоѓа во северниот дел на Тириншката Котлина, оддалечен 35 километри од Ерфурт.
Соседни општини
Вајсензе се граничи со следниве општини (почнувајќи од север, надесно): Кинделбрик, Гинштет, Ритген, Грифштет, Земерда, Вундерслебен, Штраусфурт, Ганглофземерн и Гројсен.
Градски единици
Кон градот Вајсензе припаѓаат следниве единици:
Херншвенде Наузис Отенхаузен Шерндорф Валтерсдорф Шенштет
Политика Градски совет
Градскиот совет се состои од 16 места, како и гласот на градоначалникот.
По општинските избори на 26 мај 2019 година, распределбата во советот е следна:
Партија / Листа Места + / –* CDU 9 − 1 BFW 4 SPD 1 − 2 Die Linke 1 ± 0 NPD 1 *: Разлика со изборите во 2014 г.
Градоначалник
Од 2015 година, градоначалник на градот Вајсензе е Матијас Шрот.
Збратимени градови
Вајсензе е збратимен со следниве градови: Деши, Франција (од 1990 г.) Кирхберг на Јагст, Германија (од 2006 г.)
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Земерда (округ) Категорија:Саксонија (пруска покраина)