мини|Џоакино Росини Џоакино Росини (италијански: Gioacchino Antonio Rossini; Пезаро, 29 февруари 1792 — Париз, 13 ноемвври 1868) е италијански композитор.
Живот Росини е роден во музичко семејтство и како дете престојувал во повеќе музички театри. Поради неговиот прекрасен глас му предвиделе прекрасна кариера, а тој своето музичко образование го надополнил со свирење на повеќе инструменти и подготовки за композиција. Поседувал исклучителна музичка меморија, т.е. по едно слушање можел да ја испее слушаната композиција, а по второ и да ја напише. Младиот Росини многу брзо го почувствувал театарскиот живот, играл на сцена и свирел во оркестар.Музичка уметност за втора година гимназиско образование - стр. 32.
Дела На 18-годишна возраст ја напишал својата прва опера. Оперите на Росини се одликуваат со оригиналност, духовитост со сила на ритамот, свежа мелодика и чувствителност. На 24 години ја напишал својата најпопуларна опера - „Севилски берберин“, и тоа за само 13 дена во стилот на реалистична опера buffo. Росини исто така напишал уште 36 опери, од кои покрај споменатата познати се:
„Танкреди“ „Италијанка во Алжир“ „Страчка крадливка“ „Отело“ „Вилијам Тел“
Од вокално инструменталните дела познат е ораториумот „Стабат Матер“.
Германскиот филозоф Фридрих Ниче го истакнува Росини како еден од своите омилени композитори, велејќи дека без него „не би знаел да постои“.Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 59.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Италијански композитори Категорија:Композитори во 19 век Категорија:Романтизам Категорија:Родени во 1792 година Категорија:Починати во 1868 година Категорија:Погребани на гробиштата „Пер Лашез“ Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански) Категорија:Велеофицери на Легијата на честа Категорија:Членови на Академијата на убавите уметности