Западнофризискиот јазик (самонар. Frysk, )Официјално: „западнолауершки фризиски“ (Westerlauwers Fries), т.е. западно од реката Лауерс што ги двои покраините Фризија и Гронинген. е јазик што се говори претежно во покраината Фризија (Fryslân) на северот на Холандија. Јазикот во Холандија се нарекува само „фризиски“, а географската одредница се користи само вон земјата, за негово разликување од другите фризиски јазици (затерландски и севернофризиски) што се говорат во Германија. Поимот „западнофризиски“ (Westfries) во Холандија се однесува на западнофризискиот дијалект на холандскиот јазик, застапен во регионот Западна Фризија во состав на покраината Северна Холандија.
Говорници Највеќето говорници на јазикот живеат во покраината Фризија во северниот дел на Холандија. Покраината има 643.000 жители (2005), од кои 94% го разбираат говорниот фризиски, 74% го говорат, 75% можат да го читаат, а 27% го знаат да пишуваат на јазикот.Provinsje Fryslân (2007), Fluchhifking Fryske Taal.
Над половина од населението на покраината (55% или околу 354.000 жители) го користат фризискиот како мајчин јазик, а уште 4.000–6.000 живеат во Гронинген, во триаголното подрачје на селата Марум (Меарум), Де Вилп и Опенде (Де Гринзер Пејн).Gorter, D. L.G. Jansma en G.H. Jelsma (1990), Taal yn it Grinsgebiet. Undersyk nei de taalferhâldings en de taalgrins yn it Westerkertier yn Grinslân. Sosjaal-wittenskiplike rige nummer 10. Akademy-nummer 715. Ljouwert: Fryske Akademy.
Во последните шеесет години, многу Фризи заминале од матичната покраина и се преселиле во попросперитетните краишта на Холандија. Денес околу 150.000 Фризи во другите покраини на државата, особено во градската агломерација на запад, соседен Гронинген и новомелиорираниот Флеволанд.
Покрај ова, постои и значајна дијаспора, а Фризија имала највеќе иселеници од сите покраини во периодот од Втората светска војна до 1970-тите. Се смета дека низ светот живеат 80.000–100.000 Фризи, со најголеми заедници во Канада, САД, Австралија и Нов Зеланд. Така, вкупниот број на говорници на јазикот би достигнал некаде 600.000 луѓе.
Јазикот има и 120.000 говорници во Фризија што го користат како втор јазик.Gorter, D. & R.J. Jonkman (1994), Taal yn Fryslân op 'e nij besjoen. Ljouwert: Fryske Akademy.
Дијалекти мини|десно|300п|Карта на јазиците и говорите во Северна Холандија Западнофризискиот има осум дијалекти, од кои четири се пошироко застапени, а другите четири се ограничени на мали места со мошне малку жители.
Најмалку застапен е скирмунцијашкиот дијалект (Skiermûntseagersk), говорот на мештаните од островот Схирмониког (Скирмунцијах). Дијалектот е пред изумирање и има само 50-100 говорници (од вкупно 900 жители на островот).
Хилпенскиот (Hylpersk), архаичен дијалект од полуостровскиот пристаништен град Хинделопен (Хилпен) на западниот брег и денес има највеќе 300 говорници.
Скилгерскиот (Skylgersk, познат и како Westersk) и астерскиот (Aastersk) се говорите во источниот и западниот дел на островот Терсхелинг (Скилге) со околу 800, односно 400 говорници.
Југозападниот дијалект (Súdwesthoeksk) се говори во т.н. „југозападен агол“ (de Súdwesthoeke) кој отстапува од другите бидејќи не се придржува до поновиот граматички систем на „разбивање“.
Северниот дијалект (Noardhoeksk) е застапен во североисточниот дел на покраината; не се разликува значајно од шумскиот.
Во голема мера најзастапени дијалекти се т.н. „глинен фризиски“ (Klaaifrysk) и „шумски фризиски“ (Wâldfrysk). Првиот се говори во западниот и северозаапдниот дел, каде земјиштето се состои од дебел слој на глина. Источниот дел на покраината е шумовит, па оттаму говорот е наречен „шумски“.
Историја Во раниот среден век, Фризите живееле на многу пошироко подрачје што се протегало од околината на Брухе (денешна Белгија) до реката Везер во северна Германија, а јазикот се говорел долж целото јужно крајбрежје на Северното Море (т.н. „Голема Фризија“).
Старофризискиот (1150-1550) бил особено сличен на староанглискиот јазик и имал падежи. Првото пишано сведоштво за фризискиот јазик датира од XI век, доколку не сметаат постарите рунски натписи за кои не е сигурно дека се на фризиски јазик. Преодот од старофризискиот кон среднофризискиот период (1550-1820) се случил во XV век и бележи прилично нагол престанок во употребата на фризискиот како пишан јазик. Јазикот станал чисто устен и се ограничил на селските средини.
Ова делумно се должи на заземањето на Фризија од страна на војводата Алберт Саксонски (1498), кој го заменил фризискиот со холандски како службен јазик.
Оваа практика продолжила и понатаму во времето на Хабсбурговците (германскиот цар Карло V и неговиот син, шпанскиот крал Филип II), дури и по осамостојувањето на Ниските Земји во 1585 г. Причината за ова е подемот на Холандија како најважна сила во сојузот, а со тоа и на холандскиот како јазик на судството, управата и религијата.
Во овој период делувал фризискиот поет Гисберт Јапикс (1603–1666) од Болсвард, кој се смета за татко на денешниот фризиски правопис и книжевност.
Пишаното творештво на фризискиот јазик повторно се појавило дури во новофризискиот период (XIX век), со проближен почеток од 1820 г, кога почнала и практиката на разбивање.
Азбука Западнофризискиот користи латиницата, со тоа што A, E, O и U имаат варијанти со извиен (ˆ) и остар акцент (´).
Гласови Самогласки
+ Западнофризиски самогласки со примериСимболПримерМФАМФАзападнофризискимакедонскиbank'банка'radys'ротква'aard'нарав'let'доцна'fêst'цврст'see'море' deопределен членsit'седиште'wyt'бел'tiid'време'gat'дупка'wâld'шума'toverje'маѓепсува'hoopje'[се] надева'út'надвор'nuver'чуден'bûse'џеб'hûd'кожа'put'бунар'leune'поддржува'stien'камен'ear'уво'goed'добар'oar'друг'nuet'питом'freon'пријател'hy, bakkerij'тој', 'пекарница'struie'попрскува'bloeie'цут'moai'убав'kaai'клуч'hout, gau'дрво', 'набргу'
Разбивање на долгите самогласки Фризискиот има прилично голем број на долги самогласки, и постојат два начина на нивно скратување. Првиот е таканареченото „новофризиско разбивање“ со замена на солгата самогласка со согласка и самогласка или полусамогласка. Такви парови се -ji/i, ue-uo, oa-ua и dei-je/dje.
Вториот начин е сведувањето на членот и наставката на гласилни избувни согласки. Ова важи како за определените (de () и it ()), така и неопределениот чен (in ()). Популарни наставки при сведувањето се -en () и -t (). На пример, „it tinken“ (мислење) може да се сведе од на (со тоа што ова е многу големо сведување што не се јавува во највеќето дијалекти). Позастапен начин е отстранувањето на темниот глас () и изоставување на едно при сведување на членот што стои по забна наставка. Во пишаниот литературен јазик, оваа појава се претставува со заменување на буквата на темниот глас со апостроф.
Практиката сведување се разликува од дијалект до дијалект. Писменото бележење на сведувањето во разбииен или неразбиен облик е недоследно дури и во литературниот правопис.
Согласки
b ch d f g h j k l m n p r s sj t tsj v w x y z , ,
, и обично се остваруваат како дифтонзите , и . и обично се остваруваат како и . a се изговара како пред d, t, l, n, s er се изговара како во bern, gers и ferzen eau се изговара како во глаголски именки од минато време и во предминато време, како и други зборови ei се изговара како или во moandei и друго сложенки со -dei eur се изговара како зборот ôf и претставката ôf- се изговараат како или oa се изговара како во moatte и moandei, а како во woansdei oe се изговара како пред ch, g, k y се изговара како во my, dy, hy, wy, by, но како во dy како показна заменка секоја самогласка или дифтонг пред n + s, z, f, v, w, j, l, r се назализира сите назализирани самогласки се издолжуваат пред ns, nz d е немо пред l, а честопати се изговара како меѓу самогласки g се изговара како освен меѓу самогласки, каде се изговара како . Пример: dagen ('денови') h е немо пред , и во зборот thús j често е немо пред во âl, l е немо пред d, t при едначење по звучност, n станува пред p, пред k, или се изоставува, назализирајќи ја претходната самогласка r е немо пред t, d, n, l, s, z w се изговара како на почетокот од зборот, на крајот, а како на другите места. WW се изговара како y како согласка се јавува само во заемката yochert; во сите други случаи е самогласка.
Статус мини|десно|Двојазичен знак на влезот на селото Хилпен (Хинделопен) Почнувајќи од 1956 г, западнофризискиот има рамноправен статус на службен јазик заедно со холандскиот во покраината Фризија. Јазикот се користи во многу сфери од општеството како образованието, законодавството и управата.
Во 1997 г, покраината го сменила името од холандскиот облик Friesland во фризискиот Fryslân. Досега 5 од вкупно 31 општини ги имаат сменето имињата од холандски во фризиски: Тицјеркстерадил, Боарнстерхим, Литенсерадил, Вунсерадил и Фервердерадил.
Согласно стандардот ISO 639, западнофризискиот се води под општофризиските кодови 'fy' и 'fry'.
Пример
Молитвата „Оче наш“ од Библија на фризиски јазик, III издание (1995).
Западнофризиски
Us Heit yn 'e himel, lit jo namme hillige wurde, lit jo keninkryk komme, lit jo wil dien wurde op ierde likegoed as yn 'e himel. Jou ús hjoed ús deistich brea en ferjou ús ús skulden sa't wy ús skuldners ek ferjûn hawwe; en lit ús net yn fersiking komme, mar ferlos ús fan 'e kweade; want jowes is it keninkryk en de krêft en de hearlikheid oant yn ivichheid. Amen.| МакедонскиОче наш, кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес. и прости ни ги долговите наши, како и ние што им ги проштеваме на нашите должници. И не нè воведувај во искушение; но избави нè од лукавиот. Амин.
Поврзано Фризиско Кралство Фризија (пошироко подрачје) Фризија (покраина) Фризиски јазици Фризиски Острови Фризи
Надворешни врски
Фризиско-англиски речник (Webster's)
Основни зборови во западнофризискиот јазик - Сводешов список на Викиречник Десет четива по фризиски јазик Курс по западнофризиски јазик
Наводи
Категорија:Фризиски јазици Категорија:Јазици во Холандија