Света Петка — главна селска црква во селото Туденце, Македонија.
Црквата се наоѓа во самото село. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
Црквата се наоѓа во повисокиот дел на селото Туденце, во непосредна близина на основното училиште.
Историја
Според податоците со кои се располага црквата е градена 1904 година, а живописана е во 1914 година. Црквата е изградена од населението во селото, кое според турските пописи броело 16 фамилии.
По стекнување на автокефалност на Македонската православна црква, од страна на парохискиот свештеник Ецо Јовановски и во соработка со архиерејскиот намесник свештеник Дамјан Поповски, а со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Доситеј на 10 август 1969 година, во сослужение на голем број свештеници од тетовската околија и пошироко е осветена црквата.
Во јануари 2013 година црквата бил цел на грабеж.
Галерија
Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Сиричинско-раотинска парохија Туденце Црква „Св. Ѓорѓи“ - Туденце
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Туденце Туденце