Кифхојзер () — округ во северниот дел на покраината Тирингија, Германија. Соседни окрузи се окрузите Мансфелд-Јужен Харц, Зале и Бургенланд во Саксонија-Анхалт и окрузите Земерда, Унштрут-Хајних, Ајхсфелд и Нордхаузен.

Историја

Во век постоел замок на планинскиот масив Кифхојзер, кој бил изграден во текот на владеењето на императорот Фридрих Барбароса. Според локалната легенца, императорот не умрел, туку продолжил да спие во овој замок.

Од 1579 областа потпаднала кон територијата на Саксонија, а по 1815 била поделена помеѓу пруската покраина Саксонија и Шварцбург-Зондерсхаузен.

Во 1952 биле основани двата округа Артерн и Зондерсхаузен. Овие окрузи биле споени во 1994 година со одредени мали промени, кога некои општини припаднале на други окрузи.

Географија

Округот е именуван по планинскиот масив „Кифхојзер“. Главна река во округот е Унштрут, која тече низ источниот дел на округот.

Грб

100п|ГрбГлавен симбол на грбот е лавот на грофовите од Шварцбург, кои историски гледано најмногу владееле со територијата на округот. Лавот држи штит на кој е претставен грбот на грофовите од Мансфелд, кои ја поседувале областа околу Артерн во 18 век. Трите зелени ридови во долниот дел го симболизираат планинскиот пејзаж со многу шума, големата брановита линија постои за реката Унштрут, додека малата за реката Випер.

Градови и општини

!Слободни градови!!Слободни општини |- |valign=top| Ан дер Шмике Артерн Бад Франкенхаузен Ебелебен Рослебен-Вие Зондерсхаузен || Абтсбесинген Белштет Боркслебен Ецлебен Фрајенбесинген Гехофен Хелбединдорф Холцзусра |valign=top| Калбсрит Кифхојзерланд Менхпфифел-Николаусрит Оберхелдрунген Рајнсдорф Рокштет Волфершвенда |} Општински заедници1. Гројсен Клинген2 Гројсен1, 2 Гросенерих2 Нидербеза Обербеза Топфштет Требра Васерталебен Вестгројсен1седиште на општинската заедница;2град

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Туристичка страница