Парламентарните избори 2002 година се одржани на 15 септември 2002 година. Тоа биле првите парламентарни избори што се одржале според новиот пропорционален изборен систем, во шест изборни единици. Победа извојува опозициската коалиција „За Македонија заедно“, по што по четиригодишна пауза на власт се вратил Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Големи спорови предизвикало вклучувањето во владината коалиција на Демократската унија за интеграција, основана од страна на раководството на ОНА, која претходната година го предизвикала Конфликтот од 2001 година.

Гласачкиот одзив бил 73,4 %.

Учесници на изборите На изборите учествувале следните политички партии и коалиции:

ВМРО - Вистинска македонска реформска опција, Демократска партија за православно единство на Србите и Македонците, Македонска христијанска партија ВМРО-ДПМНЕ, Либерална партија Движење за обнова на Македонија, Партија на пензионерите на Р Македонија Демократски центар, Партија на зелените Македонска алијанса, Македонска народна партија Лига за демократија, Демократски сојуз на Србите во Македонија, Партија на Власите од Македонија, Демократска Муслиманска партија, Партија за демократско движење на Египќаните во Македонија, Странка на демократска акција на Македонија За Македонија заедно: Социјалдемократски сојуз на Македонија, Либерално демократска партија, Обединета партија на Ромите на Македонија, Демократска лига на Бошњаците, Демократски сојуз на Власите, Демократска партија на Србите, Демократска партија на Турците, Работничка земјоделска партија, Социјалистичка христијанска партија на Македонија, Зелена партија на Македонија Бошњачка демократска партија ВМРО - Македонска ВМРО-Обединета Демократска алтернатива Демократска партија на Албанците Демократска партија на Македонија Демократска партија Напред Македонијо форца Демократска унија за интеграција Демократски сојуз Комунистичка партија на Македонија МААК-Единствена македонска опција Народна волја Национална демократска партија Народно движење на Македонија Нова демократија Партија за демократски просперитет Партија за единство на Ромите во РМ Партија на правдата Партија за целосна еманципација на Ромите Преродба и обединување на македонските национални идеал Прогресивна партија Републиканска партија на Македонија Семакедонска работничка партија Сојуз на Ромите од Македонија Социјалдемократска партија на Македонија Социјалистичка партија на Македонија

На изборите биле истакнати и неколку кандидатски списоци на група граѓани. Нивни носители биле: Игор Џамбазов, Горан Николовски, Христо Георгиевски, Дејан Панделески и Младен Михајловски.

Резултати

Освоените гласови и распределбата на мандатите во новоформираниот состав на Собранието биле следниве:Државна изборна комисија

Политички партии и коалицииОсвоени гласови%Освоени мандати%+/-За Македонија заедно (СДСМ, ЛДП и др.)497.34241,586050,0 33ВМРО ДПМНЕ и ЛПМ 299.17925,023327,5 16ДУИ 145.61512,181613,3 16ДПА 64.0255,3575,8 4ПДП 26.8532,2521,7 12НДП 26.4062,2110,8 1СПМ 26.0052,1710,80ДА 17.4531,4600 13ДС 14.9711,25000ВМРО - Македонска 10.2080,85000ВМРО - ВМРО и др.8.4980,7100 0Останати00 1Вкупно1.195.887100120100

Освоени мандати по политички партии Распределбата на мандатите по партии е следната:Собрание на Република Македонија Мандатен извештај 2002-2006, 16 стр.

Партија/коалицијаМандати +/-За Македонија заедноСоцијалдемократски сојуз на Македонија43 16Либерално демократска партија12 8Демократска партија на Турците2 2Обединета партија на Ромите на Македонија1 1Демократска лига на Бошњаците1 1Демократска партија на Србите1 1Коалиција ВМРО ДПМНЕ и ЛПМВМРО ДПМНЕ27 22Либерална партија на Македонија5 5Партија за движење на Турците во Македонија1 1ДУИ16 16ДПА7 4ПДП2 12НДП1 1СПМ1 0Вкупно120 14

Освоени мандати по изборни единици Резултати по изборни единици Освоените мандати по изборни единици се следните:Собрание на Република Македонија Мандатен извештај 2002-2006, 10 стр.

Изборна единицаСДСМВМРО-ДПМНЕДУИДПАПДПНДПСПМ ВкупноИЕ 11342100020ИЕ 21142111020ИЕ 31180000120ИЕ 41190000020ИЕ 51072100020ИЕ 64110410020Вкупно6033167211120Извор: ДИКhttps://drive.google.com/file/d/1d_ByEudB7wgYvRnJRyOD67_TXGRJud7V/view

Наводи

Надворешни врски Официјална страница за Изборите 2002 година Собрание на Република Македонија: изборни резултати и пратенички состав Извештаи на ОДИХР за Изборите 2002 година „Парламент со најмлад спикер, најмногу правници и жени“, „Утрински весник“, 9 октомври 2002

2002 Категорија:Македонија во 2002 година