Роб Томас (роден на ) е американски рок-музичар и текстописец. Кариерата ја започнал како пејач во бендот Matchbox Twenty, за подоцна да продолжи како соло артист. Има издадено два студиски албуми, и тоа ...Something to Be (2005) и Cradlesong (2009).

Најпозната негова нумера е песната „Smooth“, која воедно е прва негова соработка со гитаристот Карлос Сантана. Песната освоила три Греми награди, а албумот Supernatural (на кој се наоѓа композицијата) се продал во повеќе од 30 милиони примероци на глобално ниво.

Освен за Сантана, Роб Томас има пишувано текстови за музичарите Мик Џегер, Марк Ентони и Вили Нелсон помеѓу останатите.

Интересно, Томас е роден во воена болница во тогашна Западна Германија, бидејќи неговите родители служеле во армијата на САД. Тој е исто така голем поборник за правата на геј заедницата.

Наводи

Надворешни врски Официјалното мрежно место

Интервју со Роб Томас Matchbox Twenty Fansite

Категорија:Добитници на Греми Категорија:ЛГБТ активисти од САД Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски пејачи