Патка превез (Netta rufina) е голема нуркачка патка. Нејзините живеалишта се мочуриштата и езерата во јужниот дел на Европа и Средна Азија, а зимата ја преседуваат во Индискиот Потконтинент и Африка. Тие се донекаде и преселници, а северните птици презимуваат само во јужна Африка.

Патката превез ја има и во Македонија.

Опис Возрасниот мажјак е претпознатлив по неговата заоблена, портокалова глава, црвен клун и црни гради, крилјата им се бели, грбот кафеав, а опашката црна.

Женките се претежно бледо кафеави со црна позадина и белузлаво лице. Овој вид птици се прекрасни, формираат големи јата во зима, но често се мешаат со другите нуркачки патки како што се црвеноглавиот кожувар.

Исхрана thumb|лево|Женка

Овие патки главно се хранат преку нуркањето, а највеќе јадат водни растенија.

Размножување Патката превез гради гнездо покрај езера со бујна вегетација и несат околу 8-12 бледо зелени јајца. Тие се најбројни околу области на Англија, вклучувајќи го и Глостер, Оксфордшир и Нортемптоншир. Патката превез е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици (AEWA).

Наводи

Надворешни врски RSPB A to Z of UK Birds

Превез Категорија:Птици на Македонија Категорија:Гусковидни Категорија:Таксони опишани од Петер Симон Палас