Нордхаузен (; познат и како Нордхаузен на Харц; локален дијалект: Nordhusen) — град во округот истоимениот округ, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Претставува административно седиште на округот. Некогаш бил познат по неговата тутунска индустрија и сè уште е познат по неговиот дестилиран пијалак Nordhäuser Doppelkorn.

Географија Местоположба

Нордхаузен се наоѓа помеѓу подножјето на Харц на север, ридскиот масив Голдене Ауе на југоисток и Ридигсдорфер Швајц на североисток. На север се граничи со Природниот парк Јужен Харц.

Низ градот тече реката Цорге, притока на Хелме, како и Залца, која го има најголемиот извор во Тирингија. Југоисточно од Нордхаузен се наоѓаат шест вештачки езера „Багер“, кои биле создадени во 1960-тите.

Нордхаузен претставува шести најголем град по бројот на жители во покраината Тирингија, многу близу со Ајзенах. Големи градови во негова близина се Гетинген (околу 60 км западно), Ерфурт (околу 61 км јужно), Хале (Зале) (околу 81 км источно), Брауншвајг (околу 87 км северно) и Магдебург (околу 91 км североисточно).

Градското јадро (денешниот стар дел на градот „Алтштат“) се наоѓа на мало возвишение, западно и јужно од него. Висинската разлика на градот се движи од 180 до 250 метри, поради што познат ознаките Горен и Долен Град (Ober- und Unterstadt).

Површината на градот изнесува 105,62 км2 (2019), што е 14,8 проценти од површината на самиот округ.Zahlen und Fakten auf einem Blick – 2019 (PDF) , nordhausen.de, abgerufen am 27. April 2019. Најниската точка во градот е 165 метри, додека највисоката е 360 метри.

Градски единици

Градот Нордхаузен ги опфаќа и следниве градски единици:

Билен, околу 1.370 жители, припоен на 1 јули 1994 Буххолц, околу 210 жители, припоен на 6 јули 2018 Хереден, околу 850 жители, припоен на 1 јули 1994 Хесероде, околу 660 жители, припоен на 1 јули 1997 Хохштет, околу 80 жители, припоен на 1 јули 1950 Хернинген, околу 350 жители, припоен на 1 јули 1994 Кримдероде, припоен на 1 јули 1950 Лајмбах со Химелгартен, околу 900 жители, припоен на 1 јули 1994 Петерсдорф, околу 390 жители, припоен на 1 декември 2007 Родисхајн, околу 320 жители, припоен на 1 декември 2007 Ридигсдорф, припоен на 23 март 1993 Залца, припоен на 1 јули 1950 Штајгертал, околу 400 жители, припоен на 1 април 1999 Штајнбрикен, околу 240 жители, припоен на 1 јули 1994 Штемпеда, околу 300 жители, припоен на 1 декември 2007 Зундхаузен, околу 1.200 жители, припоен на 1 јули 1994

Клима

Историја

Градот е првпат споменат на 13 мај 927 година во документ на кралот Хајнрих Птичарот, но постоела и друга населба на истото место околу 650-700. Во 1220 година, императорот Фридрих II го прогласил за слободен царски град, а во 1430 година Нордхаузен се приклучил на Ханза. Во 1500 година станал дел од Долносаксонскиот круг и од истата година градот започнал да произведува ферментиран пијалак од жито, кој станал познат под името Nordhäuser Doppelkorn. Во 1523 година, Томас Минцер поминал некое време во градот, кога пристигнала и реформацијата.

По Вестфалскиот мир во 1648 година, голем дел од околината на Нордхаузен станал дел од Бранденбург-Прусија, иако самиот град останал независен. Во текот на Наполеоновите војни, пруските трупи го окупирале Нордхаузен на 2 август 1802 година; градот го загубил својот статус како слободен царски град во текот на германската медијатизација. Станал дел од Кралството Вестфалија создадено во 1807 година. По поразот на Наполеон Бонапарт, Нордхаузен бил вклучен во покраината Саксонија на Кралството Прусија создадено во 1816 година. Нордхаузен бил урбан округ од 1882-1950.

Во 1866 година била отворена железничка станица во Нордхаузен на железничката линија Хале-Касел од Хале.

Концентрациониот камп Мителбау-Дора бил сместен во близина на градот во текот на Втората светска војна со цел обезбедување работна сила за фабриката за ракети „Мителверк“ во Конштајн. На 3 и 4 април 1945 година, три четвртини од градот биле уништени во бомбардирањето на Кралските воздушни сили, при што загинале 8.800 луѓе, вклучувајќи 1.500 болни затвореници во касарните Белке во Нордхаузен. Претходно на 24 август 1944 година, 11 бомбардери Б-17 го бомбардирале аеродромот во Нордхаузен како воена цел.June , July , August , September , October На 11 април 1945 година, Американците го окупирале градот, а на 2 јули го преземала Црвената армија. На 18 јули, советската администрација го основала Институтот Рабе за развој на советска ракетна технологија на основа на посовремените ракети Фау 2. Во мај 1946 година, Институтот бил приклучен во новиот институт Нордхаузен. На 22 октомври 1946 година, како дел од акцијата Осаваким во која биле депортирани околу 10-15.000 германски научници и инженери и нивните семејства, биле вклучени и 300 жители од Нордхаузен.Soviet rocket building in Thuringia (германски) Многу од депортираните останале во Советскиот Сојуз до раните 1950-ти.

Нордхаузен бил дел од Источна Германија од 1949-1990 и бил администриран од Округот Ерфурт. По повторното обединување на Германија во 1990 година, Нордхаузен станал дел од повторно создадената покраина Тирингија. Неговиот средновековен центар бил повторно изграден. На 1 декември 2007 година, поранешните општини Петерсдорф, Родисхајн и Штемпеда биле припоени кон Нордхаузен.

Политика Градски совет

мини|300п|десно|Старото Градско собрание мини|300п|десно|Градската куќа, седиште на градоначалникот мини|300п|десно|Историската градска управа

Советот на градот Нордхаузен се состои од 36 избрани членови и градоначалникот. Последните локални избори биле одржани на 26 мај 2019 година.

На општинските избори од 2004 до 2019 година биле добиени следниве резултати:

Партии 2019 2014 2009 2004 Удел Места Удел Места Удел Места Удел Места Демохристијански сојуз на Германија CDU 22,2 % 8 31,5 % 11 25,9 % 9 36,0 % 14 Социјалдемократска партија на Германија SPD 17,4 % 6 29,2 % 11 35,3 % 13 28,7 % 11 Левица LINKE 21,8 % 8 23,2 % 8 22,0 % 2 25,4 % 9 Слободна демократска партија FDP 7,2 3 5,2 % 2 7,3 % 3 5,0 % 2 Алтернатива за Германија AfD 21,0 % 8 — — — — — — Сојуз 90/Зелени GRÜNE 9,1 % 3 6,9 % 3 6,3 % 2 4,8 % 0 Националдемократска партија на Германија NPD 1,3 % 0 3,9 % 1 3,1 % 1 — —Места36363636 Излезност 53,4 % 42,1 % 48,6 % 40,8 %

Градоначалник

Градоначалникот од 1994 година се избира на непосредни избори со мандат од шест години. Од октомври 2017 година, градоначалник на градот Нордхаузен е независниот кандидат Кај Бухман.

Збратимени градови

Нордхаузен е збратимен со:

Бејт Шемеш, Израел Шарлевил Мезјер, Франција Бохум, Германија Острув Вјелкополски, Полска

Сообраќај

Од јули 1897 година, Нордхаузен Норд е јужната крајна точка на железницата со тесен колосек Харц. Врската до важната обична железница Хале-Касел била воспоставена во 1866 година. Трамвајската мрежа во Нордхаузен е важен дел од јавниот превоз во градот.

Образование

Нордхаузен има Универзитет за применети науки (), кој нуди додипломски и постдипломски студии за бизнис-администрација, јавен менаџмент и бизнис-инженерство.

Главни знаменитости

Скулптура на Роланд од век, на надворешниот ѕид на Градското собрание. Се смета за симбол на градот. Катедралата на Светиот Крст (). Првично постоела како црква од средината на век. Во 1220 година, црквата била претворена во катедрала. Градбата има доцноготски наос, додека кулите, криптата и конаците во романски стил. Црква Фрауенбергер (; „St. Maria auf dem Berg“), романескна црква. Кула Св. Петар (), зачувана кула од црква од век, уништена во 1945 година. Уметничка галерија Мајенбург (), градба од 20 век во југендстил, во која се наоѓа мал музеј за современа уметност. Театарот, изграден во 1917 година.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Слободни царски градови Категорија:Нордхаузен (округ) Категорија:Ханза Категорија:Саксонија (пруска покраина)