Лазор Ночески е фиктивен лик од романот „Пиреј“. Неговиот лик е физички отсутен од нарацијата, а присутен е во романот преку изреките кои подеднакво ги цитираат и Јон и Велика. Изреките од Лазор Ночески кои ги цитира Јон најчесто се однесуваат на животот и на смртта, а оние кои ги цитира Велика најчесто се однесуваат на семејството и работата.
Лазор Ночески е лик на мудрец и претставник на исконскиот глас на колективот. Неговото име има хебрејско потекло (), што значи „Господ ми е на помош“. Библиското значење на името според Новиот завет е „оној кој станал од мртвите“. Варијантата Лазор е западномакедонска (дебарско-кичевска) варијанта на името Лазар.
Лазор прв и единствен пат се појавува во романот кога ѝ умираат двете последни деца на Велика, Капинка и Ѕвездан. Тој како да изникнува од земјата, се појавува пред Велика во опустеното село да ѝ помогне при закопот на децата, но и на еден симболичен начин да ѝ ја врати надежта и вербата во Бога.
Лазор Ночески е пример за т.н. „неинтелектуален лик“ кај Петре М. Андреевски, лик чиешто школо е животот, лик кој најверојатно нема ниту еден ден формално образование, но чијашто етичка свест е особено суптилна и длабока.
Изреки од Лазор Ночески Мудрости за животот и смртта
Мудрости за човечките односи и особини
Наводи
Поврзано Пиреј (роман) Современа македонска книжевност
Категорија:Петре М. Андреевски Категорија:Македонска книжевност