Евангелско-методистичка црква — христијански храм кој се наоѓа во струмичкото село Колешино, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во самото село, сместена на самиот регионален пат 1402 кој минува низ селото.
Историја
Црквата во селото била создадена во 1890 година. Во 1922 година, колешинската евангелско-конгрешанска црква, заедно со сите евангелски цркви во Вардарска Македонија биле припоени кон Епископалната Методистичка црква во Кралство СХС.
Во 1968 година била изградена денешната црква и во неа има натпис од Библијата „Бог е љубов”.
Евангелско-методистичката црква во Колешино денес на своите богослужби во недела наутро и попладне има од 80 до 100 посетители, а тој број за Велигден достигнува до 200. Во црквата се пеат стихови од Библијата со поддршка од музички инструмент.dtmlagbo.mk
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Профил на ЕМЦ
Категорија:Колешино Категорија:Евангелско-методистичка црква на Македонија Категорија:Протестантски цркви во Македонија