Лиеж-Бастон-Лиеж (; често нарекувана La Doyenne („Најстарата“)http://www.letour.fr/stf/liege/1999/fr/lbl1.htmlCycling Weekly, UK, 13 March 1993Cycling Weekly, UK, 7 March 1992) — еден од петте монументи во европскиот професионален календар во друмскиот велосипедизам.Титулата „монумент“ нема официјално значење; често е употребувана од францускиот дневен печат со цел да го означи непроменливото место на трката во календарот, но терминот добива пошироко значење поради спортските коментатори на телевизиите, особено во САД Се вози низ регионот на Ардените во Белгија, од Лиеж до Бастон и назад.
Лиеж-Бастон-Лиеж била дел од Светскиот друмски куп и е дел од белгиската серија арденски класици, која ја вклучува и Флеш Валон. Обете трки се организирани од Amaury Sport Organisation. Еднаш, Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж биле организирани една по друга во т.н. Арденски викенд. Само седум возачи победиле на двете трки во иста година: Швајцарецот Ферди Киблер двапати (во 1951 и 1952), Белгијците Стан Окерс (1955) и Еди Меркс (1972), Италијанците Морено Аргентин (1991) и Давиде Ребелин, Шпанецот Алехандро Валверде (2006) и на крај Филип Жилбер во 2011 како дел од четирикратната победа со Амстел Голд Рејс и Брабант Пејл.
Победници
Победници по националност
ПобедиДржава 60 12 6 5 4, 3, , 2, , 1, ,
Повеќекратни победници
Возачи кои успеале да ја освојат трката повеќе од еднаш.
Активните возачи се напишани со закосени букви.
Победи Возач Земја Години 5 Еди Меркс 1969 + 1971 + 1972 + 1973 + 1975 4 Морено Аргентин 1985 + 1986 + 1987 + 1991 Алехандро Валверде 2006 + 2008 + 2015 + 2017 3 Леон Хуа 1892 + 1893 + 1894 Алфонс Шеперс 1929 + 1931 + 1935 Фред де Брујне 1956 + 1958 + 1959 2 Луј Мотијат 1921 + 1922 Рене Вермандел 1923 + 1924 Ришар Депортер 1943 + 1947 Проспер Депредоме 1946 + 1950 Фердинанд Киблер 1951 + 1952 Јозеф Брујер 1976 + 1978 Бернар Ино 1977 + 1980 Шон Кели 1984 + 1989 Микеле Бартоли 1997 + 1998 Паоло Бетини 2000 + 2002 Александар Винокуров 2005 + 2010
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Класични велосипедски трки Категорија:Велосипедски трки во Белгија Категорија:UCI ProTour трки
Категорија:Светски ранкинг на UCI Категорија:Светска турнеја на UCI