Основно училиште „Манчу Матак“ (официјално: Основно општинско училиште „Манчу Матак“ - Кривогаштани; скратено: ООУ „Манчу Матак“) — централно основно училиште во селото Кривогаштани, Општина Кривогаштани.
Името на училиштето е во чест на народниот херој Манчу Матак.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото, на патот кон Годивле.
Настава
Во училиштето наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик. Има вкупно 13 паралелки од прво до деветто одделение со вкупно 194 ученици.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Манчу Матак“ - Крушеани, подрачно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Манчу Матак“ - Врбјани, подрачно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Манчу Матак“ - Славеј, подрачно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Манчу Матак“ - Годивле, подрачно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Манчу Матак“ - Подвис, подрачно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Кривогаштани Категорија:Кривогаштани Кривогаштани Категорија:Основни училишта во Македонија