Бел нуркач () е вид на птица од семејството патки, и е единствен член од родот Mergellus. Ја има во Македонија. Една од најценетите птици-работнички во риболовот со птици на Дојранското ЕзероСостојба со птиците во Македонија 2012

Распостранетост Овој вид патки најмногу е распостранет во северниот дел на Европа и Азија, а во зима, ги наоѓаме во скриените брегови на Балтичкото и Црното Море. Во помал број, ги среќаваме во Велика Британија, Германија, а некои скитници биле забележани и во Северна Америка.

Опис Оваа патка, со својот изглед , не можеме да ја погрешиме. Женките и незрелите мажјаци се сиви со костенливи чела и капи, крилјата им се бели, а клуновите им се со испакнат врв што им помага да фаќаат риби. Долги се 38-44 сантиметри.

Живеалиште Тие живеат покрај вода, а во лето престојуваат во тајгата (шумска зона која се протега од северна Скандинавија и Сибир, па сè до тихоокеанскиот брег). Во зима, тие летаат на југ, крај реките и често далеку од дрвја.

Исхрана Се хранат со риби до 6 см должина, водни инсекти, по кои нуркаат во плитките води.

Размножување Гнездата ги поставуваат во шуплините во дрвата, кои најчесто се направени од клукајдрвците. Несат во мај, од 6 до 9 јајца со крем-боја.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Smew media on the Internet Bird Collection

Категорија:Птици на Македонија Категорија:Гусковидни Категорија:Патки Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј