Фишеровиот индекс е групен индекс . Овој индекс бил претставен од професорот Ирвинг Фишер пред Американската статистичка асоцијација во 1920 година. Тој претставува геометриска средина на два групни индекси: едниот со пондерациони фактори од базичниот и другиот со пондерациони фактори од тековниот период.Статистика за бизнис и економија - Славе Ристески, Драган Тевдоски 2010 Со други зборови, тој претставува комбинација на Ласперовиот индекс (кој ги користи цените од базниот период) и Пашеовиот индекс (кој ги користи цените од тековниот период).The Review of Economics and Statistics - MIT Press. Овој индекс уште се нарекува идеален индекс, бидејќи во најголема мерка ги задоволува теоретските и математичките тестови, но неговото пресметување е мошне комплицирано и поради тоа во практиката не се применува често.Статистика за бизнис и економија - Славе Ристески 2003
Формулата за пресметување на индексот на цени Фишеровата формула се користи кога цените и количините во два периода разликуваат меѓу себе. Таа е составена од симболите P (цена) и Q (количина), па според тоа Po и Qo претставуваат цената и количината во базниот период, а P1 и Q1 претставуваат цената и количината во тековниот период. Пример
Во табелата се дадени производите леб, млеко и путер, нивните цени и продадените количини во 2010 и 2012 година. Користејќи ја 2010 како базна година,а 2012 како тековна да се пресмета Фишеровиот индекс.
ниедно|н|image173.jpg
Производ цена-Po (2010) количина-Qо (2010) цена-P1 (2012) количина-Q1 (2012) QoPo QoP1 Q1Po Q1P1 Леб 25 140 30 142 3500 4200 3550 4260 Млеко 40 128 50 119 5120 6400 4760 5950 Путер 95 34 100 32 3230 3400 3040 3200 Вкупно 11850 14000 11350 13410
Наводи