Алтернативната хипотеза каде што отстапувањата на Мx од Мо ги следиме во една насока, ја нарекуваме еднонасочна хипотеза, а проверките со кои го испитуваме прифаќањето на нултата хипотеза ги нарекуваме еднонасочни или еднострани проверки.Еднонасочната проверка се користи при проверка на статистичките хипотези и ни помага да определиме дали ќе ја прифатиме или отфрлиме нултата хипотеза.Ристески Славе, Тевдовски Драган (2010): „Статистика за бизнис и економија“, четврто издание, Скопје: Економски факултет – Скопје. ISBN 978-608-212-009-6

__TOC__

Дефинирање на еднострана проверка Еднострана проверка на хипотеза е пнаа каде што алтернативната хипотеза е со насока и ги вклучува симболите < и >.Калина Треневска Благоева (2003) „Статистичка анализа“, прво издание,Скопје: Економски факултет - Скопје. ISBN 9989-113-41-6 Еднострана алтернативна хипотеза е алтернативна хипотеза која ги опфаќа сите можни вредности на параметарот на популацијата или на едната или на другата страна (поголема или помала) од вредноста определена со нултата хипотеза.Paul Newbold, William Carlson, Betty Thorne (2012): Statistics for Business and Economics (8th Edition). ISBN 978-0132745659Алтернативната хипотеза е еднострана ако параметарот е поголем или помал од вредноста на нултата хипотеза. Проверката е двонасочена кога параметарот има различна вредност од вредноста на нултата хипотеза.Нултата хипотеза е обично проверена наспроти алтернативната хипотеза.

Нулта и алтернативна хипотеза

Нултата хипотеза претставува тврдење за вредноста на параметарот на основната маса (Мx), кој со постапката на проверка настојуваме да го оспориме.Нултата хипотеза може да биде проста и сложена.Кај еднонасочната проверка постои сложена нулта хипотеза бидејќи се опфатени поголем број можни вредности. Алтернативната хипотеза најчесто ги содржи сите вредности кои може да ги има параметарот Мx, а коишто не се опфатени со нултата хипотеза.Алтернативната хипотеза по правило е дадена во облик на сложена хипотеза.

347 px|мини|десно|Едностран и двострана проверка (областа на отфрлање на нултата хипотеза е прикажана со црвена боја)

При тоа само една може да биде вистинита, односно едната хипотеза ја прифаќаме,а другата ја отфрламе.Исто така нултата и алтернативната хипотеза се сеопфатни односно заедно ги опфаќаат сите можни вредности на параметарот на основната маса.За одлуките за Ho во формалните сумирања на резултатите од проверките, ги користиме изразите се отфрла и не се отфрла.Нултата хипотеза има статус на главна хипотеза - таква која се смета за точна, освен ако податоците не содржат силен доказ за отфрлање на истата.Со одредување на нивото на значајност на ниско ниво, имаме мала веројатност за отфрлање на точната Ho.Кога ја отфрламе, веројатноста на грешка е на ниво на значајност α.Но, ако има мал примерок, ќе ја отфрлиме Ho само ако е неконтролирано погрешна.Со зголемување на големината на примерокот веројатноста на отфрлање на погрешната Ho се зголемува.Кога ќе ја отфрлиме нултата хипотеза, имаме силен доказ дека Ho не е точна и поради тоа H1 се смета за точна.Ако бараме силен доказ во корист на одреден исход, го дефинираме тој исход како H1, а другиот исход како Ho.Ова се нарекува аргумент на спротивни факти.Кога ја отфрламе Ho, постои силен доказ во корист на H1, и сигурни сме дека нашата одлука е точна.

Со помош на проверката на статистичките хипотези, информациите од примерокот ги користиме за испитување на прифатливоста на некои тврдења или претпоставки кои се однесуваат на одликите на основната маса .Најчесто се набљудува вредноста на некој параметар на масата, обликот на распределба на основната маса и слично.Кога истражувачот сака да проверува нова претпоставка, нова теорија, тој прво формулира хипотеза или тврдење за кое што претпоставува дека е точно.Нашата одлука за избирање на едната или другата хипотеза (алтернативната или нултата хипотеза) произлегува од строга постапка.Процесот на одлучување користи статистика на одлучување пресметана од случаен примерок, како што е средината на примерокот , варијансата на примерокот S2 или пропорцијата на примерокот.Статистиката на која ја базираме нашата одлука дали ќе ја прифатиме или ќе ја отфлиме нултата хипотеза се нарекува статистика на проверување.

За разлика од двонасочниот или билатералниот кај еднонасочниот или едностраната проверка се проверува хипотезата дека вредноста на параметарот е поголема или еднаква, односно помала или еднаква на хипотетичната вредност на параметарот на основната маса.Кај овие проверки областа на прифаќање на хипотезата е ограничена само на едната страна.Оттаму со примена на хипотезата од овој облик се определува и насоката на отстапување на стварната од хипотетичната вреднот на параметарот на множеството популација. Откако веќе прецизно сме ги дефинирале нултата и алтернативната хипотеза во понатамошната постапка на проверката вршиме избор на т.н.статистика на проверкаот т.е специфичниот критериум на проверката,од чијашто реализирана вредност зависи одлуката за прифаќање или отфрлање на хипотезата. Обликот на статистика на проверката е детерминиран со видот на проблемот што го разгледува. Во овој контекст предметот на нашето разгледување е проверката која е заснована на критериумот на проверката, дефинирањето во следниот облик:

Овој облик на проверка се заснова врз аритметичката средина на примерокот,, како непристрасна оцена на проверениот параметар Мx, на Мo како хипотетична вредност на параметарот на основната маса и σ, стандардизираната грешка на оценката (пресметување врз основа на примерок).Драги Јанев,Славе Ристевски (1994) “Статистика за менаџмент и економија”, Економски факлултет-Скопје

Десностран еднонасочна проверка

1. Ho : Mx ≤ Mo H1 : Mx > Mo Нултата хипотеза гласи дека параметарот Mx е помал или еднаков на параметарот Mo . Алтернативната хипотеза гласи дека параметарот Mx е поголем од параметарот Mo Ги опфаќа отстапувањата на десната страна. Пример: H1 : Mx > 16 Средната тежина на пакувањето на житарици на популацијата паѓа во интервалот на вредности поголеми од 16 унци.

Левостан еднонасочна проверка

2. Ho : Mx ≥ Mo H1 : Mx < Mo Нултата хипотезагласи дека параметарот Mx е поголем или еднаков на параметарот Mo . Алтернативната хипотеза гласи дека параметарот Mx е помал од параметарот Mo Ги опфаќа отстапувањата на левата страна. Пример: H1 : Mx < 16 Средната тежина на пакувањето на житарици на популацијата паѓа во интервалот на вредности помали од 16 унци.

Област на прифаќање и на отфрлање кај еднонасочната проверка

Нултата и алтернативната хипотеза се меѓусебно исклучувачки тврдења што значи дека само една може да биде вистинита.Низата вредности на параметарот на примерокот чија веројатност е помала или еднаква од нивото на значајност (α) ја сочинува т.н критична област или област на отфрлање на Ho. Останатиот дел на распределбата ја претставува областа на прифаќање на Ho.Положбата на областа на отфрлање е детерминирана со карактерот на H1.Ако со алтернативната хипотеза се определува насоката на разликата помеѓу вредноста на параметарот на примерокот (Mx) и хипотетичната вредност на параметарот (Mo),тогаш областа на отфрлање ќе се наоѓа само на едната страна од распределбата. Поради тоа ќе имаме примена на еднонасочната проверка.Ако со алтернативната хипотеза не се определува насоката на разликата,тогаш областа на отфрлање ќе се наоѓа на двете страни од распределбата и ќе се примени двонасочнната.

300 px|мини|десно|Област на прифаќање и отфрлање кај левостран еднонасочна проверка 300 px|мини|десно|Област на прифаќање и отфрлање кај деснострана еднонасочна проверка Кај еднонасочната проверка, областа на отфрлање на нултата хипотеза во целост се наоѓа на едниот крај на хипотетичката веројатносна распределба.Еднонасочната проверка ги следи отстапувањата само во една насока.Тоа значи дека ризикот α се распределува само на еден крај на веројатностите.Заради тоа се разликува и процедурата за утврдување на критичната вредност, како и правилото на одлучување на кое се темели конечната одлука.Тоа ќе го објасниме со следниов пример:

Врз основа на прибраните информации оправдано е сомневањето на земјоделскиот стручњак дека просечниот принос на пченица е понизок во тековната во однос на претходната година.Својата констатација дека просечниот принос на пченица изнесува помалку од 4 тони по хектар, земјоделскиот стручњак ја проверува преку проверка на хипотезата формулирана на следниот начин:

Ho : Mx ≥ 4 H1 : Mx < 4

Истражувачот избира примерок од 36 парцели и проверката го спроведува при ниво на значајност α=0,02, а од претходно искуство се знае дека стандардното отстапување е 1,2.Имајќи ја предвид големината на примерокот статистиката на проверката има приближно нормална распределба.Нултата хипотеза ќе биде точна ако просечната потрошувачка по хектар изнесува, на пример, 5 или 6 тони.Меѓу нив земјоделскиот стручњак мора да избере една хипотетична вредност на аритметичката средина на множеството.Врз основа на избраната вредност Mo тој ќе го прецизира хипотетичката веројатносна на којшто ќе го користи при проверката.Во понатамошната постапка при проверката, истражувачот, за избрано ниво на ризик треба да ја определи областа на прифаќање и отфрлање на нултата хипотеза.За да биде точна нултата хипотеза, вредноста на проверениот параметар може да биде поголема, но не смее да биде помала од 4, па поради тоа, целокупната област се наоѓа на левата страна на распределбата.

критична вредност

P(Z ≤ z)=α F(z)=α

реализирана вредност

Во нашиот пример, за избрано ниво на значајност, α=0,02, критичната вредост за zα= -2,05.При ризик α=0,02, најмалата вредност zα= -2,05, која сè уште може да се прифати како поддршка на нултата хипотеза.Оттаму, при статистиката на проверка , правилото на одлучување гласи:

Ho треба да се отфрли ако z < zα ; (z < -2.05) Ho треба да се прифати ако z ≥ zα ; (z ≥ -2.05)

Реализираната вредност на z изнесува -2,5.Бидејќи z < zα, односно -2,5 < -2,05, земјоделскиот стучњак ќе заклучи, односно ќе донесе одлука дека треба да се отфрли нултата хипотеза со ризик α=0,02.Тоа значи дека разликата меѓу и Mo е статистички значајна, а не случајна.

Постапката при проверката на хипотезата која е формулирана во следниот облик: Ho : Mx ≤ Mo H1 : Mx > Mo

Под претпоставка дека се задоволени условите за примена на нормалната распределба на веројатностите на статистиката на проверка , се спреведува аналогно на претходното објаснување.Во овој случај, критичната вредност во целост е сместена на десната страна на распределбата.Таа се пресметува на следниот начин:

критична вредност

P(Z>z)=1-F(z)=α F(z)=1-α

реализирана вредност

Правилото на одлучување гласи: Ho треба да се отфрли ако z > z1-α Ho треба да се прифати ако z ≤ z1-α

Така, на пример, ако истражувачката претпоставка гласи дека просечното време на траење на поправката на една машина е подолго од 5 часа, тогаш нултата и антернативната хипотеза се формулирани на следниот начин:

Ho : Mx ≤ 5 H1 : Mx >5

Да претпоставиме дека примерокот е со големина n=100, аритмеричката средина е 7 дена, стандардното отстапување σ=2.На ниво на значајност α=0,01 треба да донесеме суд за прифаќање или отфлање на нултата хипотеза.Реализираната вредност на статистиката на проверкаta во конкретниот пример изнесува 10.Тоа значи дека е поголема од Мо за десет стандардни грешки.Бидејќи z=10 > z0,01=2,33 со ризик од 1 , ќе ја отфрлиме нултата хипотеза.Податоците од примерокот јасно ја поддржуваат нашата претпоставка која ја формулиравме во облик на алтернативна хипотеза.Бидејќи Ho ја отфрливме со ризик α=0,01, разликата меѓу и Мо ја нарекуваме статистички високо значајна.