Џон Арчибалд Вен — роден на 4 август, 1834 во Јоркшир, а умрел на 4 април, 1923 година во Кембриџ. Бил англиски логичар и филозоф, најдобро познат како изумителот на дијаграм познат како Венов дијаграм -за претставување на категорични искази и тестирање на валидноста на категорични силогизми. Тој, исто така, направи значаен придонес во симболичката логика (исто така наречена математичка логика) и теоријата на веројатност.

Детство

Мајката на Вен, Марта Сајкс, по потекло од Свонленд, во близина на Хул, умрела додека тој сè уште бил младо момче. Неговиот татко, Рев Хенри Вен, бил ректор на парохијата Драјпул, исто така во близина на Хул.

Тој го започнал своето образование во Лондон, приклучувајќи се кон училиштето „Сер Роџер Чолми“, сега познато како училиште „Хајгејт“, со својот брат Хенри во септември 1846 година. Се префрлил во сопственото училиште „Ислингтон“.

Животен пат По школувањето во Хајгејт училиштето, студирал на Кембриџ каде што и дипломирал во 1857 и набргу бил избран за соработник во истиот. Вен бил поставен за англиски свештеник 1859 г. На Гоневил и Каиус, колеџ на универзитетот во Кембриџ, тој предавал Логика на филозофија на науката, а подоцна се посветил на историјата на колеџот и на сопственото семејство. Поднел оставка од свештенството во 1883 година, откако заклучил дека англиканството е неспоиво со неговата филозофски убедувања. Главен интерес му била логиката и објавил три текста на оваа тема: Логика на среќа вклучувајќи ја честотата на толкувањето или честотата на теоријата на веројатност во 1866 г. , Симболичка логика која ја претставил со Веновиот дијаграм во 1881 г. и Принципите на емпириската логика во 1889 г.

Венов дијаграм Џон Вен го конструирал Веновиот дијаграм и го вовел во 1880 година, во труд под наслов „Дијаграмски и механички приказ на искази и резонирања”. Се користи во многу области, вклучително и во теорија на множествата, веројатност, логика, статистика, компјутерски науки и др. Веновиот дијаграм во себе ги содржи насликани односите на вклучување и исклучување помеѓу класите. Тие се состојат од два или три пресечни кругови, секој претставува една класа и секој е означен со латинична буква. Мали букви на x и засенчување се користи за означување на постоењето и непостоењето, односно, на некој (барем еден) член на дадена класа.

Наводи

Литература

Вен, Џон (јануари 1876). „Конзистентност и реална инференција“. Минд. 1 (1). Вен, Џон (1881). „Симболична логика“. Лондон: Мекмилан. ISBN 978-1-4212-6044-0. Вен, Џон (1880). „За употребата на геометриски дијаграми за разумно претставување на логички искази“. Зборник на трудови на Кембриџското филозофско друштво. 4: 47–59. Вен, Џон (1866). „Логиката на случајноста: Есеј за основите и овластувањата на теоријата на веројатност, со посебен осврт на нејзината примена во моралните и општествените науки“ (прво издание). Лондон и Кембриџ: Мекмилан. Објавени се уште две изданија. Вен, Џон (1904). „Анали на едно свештеничко семејство: Како дел од приказната за семејството и потомците на Вилијам Вен, викар од Отертон, Девон“, 1600–1621. Кембриџ: Кембриџ Јуниверсити Прес. ISBN 978-1-108-04492-9. Вен, Џон (1870). „За некои од карактеристиките на верувањето“. Лондон и Кембриџ: Мекмилан.

Категорија:Англиски филозофи Категорија:Англиски логичари Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Апсолвенти на Кембричкиот универзитет Категорија:Родени во 1834 година Категорија:Починати во 1923 година