Орел-рибар () е птица од редот на соколовидните, сместена во своја семејство орли-рибари (Pandionidae) и свој род орел-рибар (Pandion). Ја има во Македонија.

Распостранетост и живеалиште Тие живеат низ целиот свет, а највеќе ги има во Канада и САД. Нивните гнезда најчесто ги поставуваат покрај езерата, мочуриштата и морските брегови.

Опис Долги се 60 см, а распонот на крилјата им е 180 см. Главата им е бела, а од очите до страните на вратот имаат црно. Градите и долниот дел им е бел, а крилјата им се кафеави.

Исхрана Орлите-рибари се хранат со риби, со тежина до 2 кг. Кога ќе здогледаат риба, тие се спуштаат блиску до нивото на водата, грабнувајќи ја со своите нозе. Канџите се така обликувани, што не им дозволуваат на рибите да побегнат.

Размножување Гнездата им се направени од дрвени стапчиња, а најчесто им се наоѓаат на дрвата, карпите, бандери, мостови и слично, блиску до вода. Женките несат 2-4 јајца кои ги квачат 35-40 дена.

Наводи

Надворешни врски

Видеоснимки, слики и звуци од орли-рибари — „Интернет-збирка на птици“ Профил на орелот-рибар — Birdlife International Програм за надзор на гнездата на орелот-рибар — OspreyWatch Информации за орелот-рибар во Британија — Кралско друштво за заштита на птиците

Категорија:Соколовидни Категорија:Јастребовидни Категорија:Птици на Македонија Категорија:Птици на Европа Категорија:Птици на Азија Категорија:Птици на Африка Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј