мини Шпре-Ниса () — округ во јужниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се (од југ надесно) окрузите Бауцен и Герлиц во Саксонија, окрузите Горен Шпревалд-Лужица, Даме-Шпревалд и Одра-Шпре. Слободниот град Котбус е целосно опкружен од округот. На исток се наоѓа Полска.
Географија
Округот се наоѓа во областа Лужица. Реката Шпре тече низ округот, додека реката Лужичка Ниса ја создава источната граница, која во исто време претставува и граница со Полска.
Историја
Округот бил создаден во 1993 со спојување на претходните окрузи Котбус, Форст, Губен и Шпремберг.
Грб
130п|ГрбГрбот прикажува четири полиња посветени на претходните окрузи. Речниот рак во горниот лев дел го претставува округот Котбус и е исто така присутен во грбот на градот Котбус. Лавот во горниот десен дел е симбол на Кралството Бохемија, бидејќи Шпремберг бил посед на бохемиските кралеви. Рогот од елен во долниот десен дел го претставува Форст и бил преземен од грбот на грофовите Биберштајн. Круната во долниот лев дел ги претставува повторно кралевите од Бохемија, но овој пат претставувајќи го Губен.
Градови и општини
Слободни градовиОпштински заедници Дребкау Форст (Лужица) Губен Шпремберг Велцов
Слободни општини Колквиц Нојхаузен/Шпре Шенкендеберн1. Бург (Шпревалд) Бризен Бург1 Дисен-Штризов Гуров Шмогров-Феров Вербен 2. Деберн-Ланд Деберн1, 2 Феликсзе Грос Шаксдорф-Зимерсдорф Јемлиц-Клајн Дибен Најсе-Малксетал Черниц Визенгрунд3. Пајц Драхаузен Дренов Хајнерсбрик Јеншвалде Пајц1, 2 Тауер Тајхланд Турнов-Прајлак1седиште на општинската заедница;2град
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница